Им помага да водат поисполнет живот
◼ Книгата „Појди по мене!“ има извршено силно влијание врз многумина што ја прочитале. Една жена вели: „Исус ми стана пореален. Сега подобро ја сфаќам неговата улога, и затоа сакам да водам еден поисполнет живот и да учествувам во проповедањето на добрата вест, која му е многу потребна на човештвото“.
Еден татко пишува: „Оваа книга ми помогна да сфатам колку е важно да го следиме совршениот пример на Исус... Ме научи длабоко да размислувам за Исусовите учења и за особините што тој ги покажувал додека бил на Земјата, како што се понизноста, љубовта, големата стрпливост, послушноста и истрајноста. Исус дал одличен пример кој ме охрабри да продолжам“.
Еден друг читател од сѐ срце се согласува со изјавата на задната корица каде што, меѓу другото, стои следново: „Исус Христос е Водачот кој му е потребен на секој човек... Оваа книга ќе ти помогне уште подобро да го запознаеш Исус, и така да го следиш во сѐ“. Читателот понатаму вели: „Книгата многу ни помага да го сакаме Исус, да покажуваме вера во него, да му бидеме послушни и да го следиме“.
Книгата „Појди по мене!“ има 192 страници од кои 13 се со слики во боја на кои се прикажани различни сцени од Исусовиот живот на Земјата. Можеш да ја нарачаш ако го пополниш купонот подолу и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница од ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата на сликава.
□ Ве молам стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.