‚Фиока што може да ја отвори само Јехова‘
◼ Во 2007 год., 6-годишната Ерика и 4-годишниот Матија останале без татко. Меѓутоа, надежта во воскресение им ја ублажила тагата (Дела 24:15).
Ерика сака да зборува со другите за својата надеж која се темели на Библијата, посебно во нејзиното училиште на Сицилија. На пример, кога нејзината другарка, Беатриче, рекла дека татко ѝ на Ерика е сега на небото, Ерика љубезно ѝ кажала дека, според Библијата, не е така. „Тогаш, каде е?“ — прашала Беатриче.
„Во гробот“, одговорила Ерика. Беатриче сакала да знае што е гроб.
„Гробот ти е како фиока што се отвора и затвора“, објаснила Ерика. „Но, штом еднаш ќе се затвори, не можеш да ја отвориш. Само Јехова може да ја отвори кога ќе дојде новиот свет.“
Потоа Ерика ѝ објаснила на својата другарка дека Јехова е Божјето име, дека тој ќе ја претвори Земјата во Рај, дека ќе нема повеќе болести и дека мртвите ќе оживеат. Тогаш ја замолила Беатриче да ја праша мајка си дали смее да прими како подарок една книга која ги објаснува овие работи.
Кога била сигурна дека мајка ѝ ѝ дозволила, Ерика ѝ ја дала на Беатриче книгата Учи од Големиот учител. Ерика и понатаму разговара со другите за она што го учи од Библијата, а ѝ дала еден примерок од оваа книга и на својата учителка.
Се разбира, Ерика и нејзиното братче сѐ уште жалат по татко си. Но, надежта во воскресение ги теши. Овие деца, како и многу други луѓе низ целиот свет, му благодарат на Јехова, Богот кој дава вистинска утеха (Матеј 21:16; 2. Коринќаните 1:3, 4).
Можеш да ја нарачаш оваа книга со 256 страници во која има прекрасни слики и е со ист формат како ова списание. Едноставно, пополни го купонот подолу и испрати го на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од оваа книга.
□ Ве молам стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.