ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/10 стр. 27
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Отфрлени „играчки“
  • Опседнати со изгледот уште од мали
  • И децата купуваат преку интернет
  • Децата и Интернетот — што треба да знаат родителите?
    Разбудете се! 2008
  • Помош за младите да се справат со проблемите
    Разбудете се! 2007
  • Децата и Интернетот — што можат да сторат родителите?
    Разбудете се! 2008
  • Пријатели преку Интернет — да или не?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 3/10 стр. 27

Поглед во светот

„Луѓето кои не пушат, физички се активни, пијат алкохол умерено и дневно јадат најмалку по пет порции овошје или зеленчук живеат во просек 14 години подолго од оние без вакви навики.“ Овој заклучок се темели на едно 11-годишно истражување во кое биле вклучени 20.000 лица (UC BERKELEY WELLNESS LETTER, САД).

„Читањето е најдобриот начин да се опуштите... Доволни се само шест минути за да го намалите стресот за повеќе од две третини“ (INDIA TODAY INTERNATIONAL, ИНДИЈА).

Отфрлени „играчки“

„Економската криза создава цела флотила од напуштени чамци“, изјавува весникот The New York Times за ситуацијата во САД. Сопствениците ги отстрануваат имињата и регистарските броеви од своите чамци, а потоа ги напуштаат или ги потопуваат, понекогаш со цел да земат пари од осигурувањето. Зошто? „Некои... имаат ист проблем како и хипотекарните должници: плаќаат големи давачки за имот чија вредност постојано паѓа, па се решаваат да се ослободат од таквите трошоци“, пишува истиот весник, кој овие чамци ги нарекува „играчки што се премногу скапи за одржување и повеќе не се интересни“. Весникот објаснува: „Сопствениците не можат да ги продадат бидејќи има огромна понуда на половни производи. Не можат да си дозволат да плаќаат стотици долари месечно за сидриште и за одржување, но не се во можност ни да платат неколку илјади долари за да ги отстранат на соодветен начин.“

Опседнати со изгледот уште од мали

Уште од својата четврта година, децата „се под влијание на општествените норми за ‚идеален изглед‘“, известува сиднејскиот весник Sunday Telegraph. Едно истражување за навиките на исхрана и физичката активност кај децата на претшколска возраст откри дека и момчињата и девојчињата се загрижени за својот изглед — девојчињата сакаат да ослабат, а момчињата да имаат мускули. „Изгледа дека ваквата опседнатост со изгледот кај повеќето деца е одраз на ставот што го имаат нивните мајки кои општоземено се незадоволни со своето тело“, изјавија луѓето што работеа на ова истражување.

И децата купуваат преку интернет

„Една петтина од децата [во Обединетото Кралство] купуваат преку интернет без дозвола на родителите, а половина од нив ги користат и нивните кредитни картички“, известува лондонскиот весник The Daily Telegraph. Многу деца ги знаат веб-сајтовите и лозинките што ги користат нивните родители за да купуваат преку интернет, од каде што лесно можат да го дознаат и бројот на нивната кредитна картичка. Малку родители се свесни дека нивните деца можат да купуваат преку интернет без нивна согласност. Според извештајот, постои „огромна разлика“ меѓу она што родителите мислат дека нивните деца го знаат и она што тие навистина го знаат. Една од опасностите на кои се изложени родителите поради тоа е и опасноста да бидат ограбени. Корисен совет за родителите кои купуваат преку интернет е „да не чуваат податоци за кредитната или за дебитната картичка на интернет“, да користат само доверливи веб-сајтови и „да се одјават од сајтот штом ќе бидат готови“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели