ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 5/10 стр. 5
  • Побарај помош

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Побарај помош
  • Разбудете се! 2010
  • Сличен материјал
  • Како можете да прекинете
    Разбудете се! 2000
  • Подготви се за пречките
    Разбудете се! 2010
  • Зошто да се прекине со пушењето?
    Разбудете се! 2000
  • „И Вие можете да прекинете — ние прекинавме!“
    Разбудете се! 1999
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 5/10 стр. 5

Побарај помош

„Ако некој го совлада едниот, ако се двајца, ќе можат да му се спротивстават“ (Проповедник 4:12)

КОГА имаме поддршка, веројатноста успешно да му се спротивставиме на непријателот е поголема, сеедно кој е тој. Затоа, ако сакаш да прекинеш со пушењето, добро е да побараш помош од семејството и од пријателите — или од кој и да е друг што е стрплив и искрено сака да те поддржи.

Би можел да побараш помош од оние што успеале да прекинат со оваа навика, бидејќи тие не само што ќе се соживеат со тебе туку и ќе можат да ти помогнат. „Поддршката од другите многу ми значеше“, вели еден христијанин од Данска по име Торбен. Абрахам, кој живее во Индија, пишува: „Искрената љубов што ја покажаа моето семејство и сохристијаните ми помогна да прекинам“. Но, понекогаш не е доволна дури ни поддршката од семејството и од пријателите.

Багвандас вели: „Пушев 27 години, но решив да прекинам дури откако дознав што вели Библијата за нечистите навики. Прво намалив со цигарите. Потоа, го сменив друштвото. Одев на советување. Но, ништо не успеваше. Една ноќ, му го отворив срцето на Јехова Бог и го молев да ми помогне да престанам. Најпосле, успеав!“

Друга важна работа е да се подготвиш за пречките на кои најверојатно ќе наидеш. Следната статија објаснува кои се тие.

[Рамка на страница 5]

ТРЕБА ЛИ ДА КОРИСТИШ ЛЕКОВИ?

Производството на лекови против пушењето, како што е никотинската налепница, стана индустрија вредна милијарди долари. Пред да почнеш да користиш вакви лекови, размисли за следниве прашања:

Кои се користите? Се вели дека многу од нив ја зголемуваат можноста да се одвикнеш затоа што го намалуваат интензитетот на симптомите на одвикнување. Меѓутоа, владее поделено мислење околу нивната долгорочна ефикасност.

Кои се ризиците? Некои лекови имаат и можни несакани последици, како што се гадење, депресија и самоубиствени мисли. Исто така, имај на ум дека во лековите за замена на никотинот се користи друг вид наркотик кој, исто така, носи свои ризици. Тоа значи дека оној што ги користи сѐ уште е еден вид зависник.

Постојат ли други начини на одвикнување? Во едно истражување, 88 отсто од лицата кои успеале да се одвикнат од пушењето рекле дека ги оставиле цигарите нагло и без никакви лекови.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели