Како Јеховините сведоци поучуваат за Библијата?
Тие поучуваат по теми, обично со помош на книгата Што навистина учи Библијата?, која содржи 19 поглавја. Некои од нив се:
„Која е вистината за Бог?“
„Кој е Исус Христос?“
„Каде се мртвите?“
„Дали живееме во ‚последните денови‘?“
„Зошто Бог ги допушта страдањата?“
„Како можеш да имаш среќен семеен живот?“
Лицата што проучуваат се поттикнати да поставуваат прашања и самите да проверат што вели Библијата за тоа. Потоа, на темел на она што го дознале со проучувањето, можат самите да одлучат на која религија ќе ѝ припаѓаат.
Можеш да побараш некој да ја проучува Библијата со тебе, а и да ја нарачаш оваа книга, ако го пополниш купонот подолу и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница од ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата што е на сликата.
□ Ве молам стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.