ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/12 стр. 29
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Млади водачи во Малезија
  • Невнимателност на интернет
  • Пријатели преку Интернет — да или не?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Помош за младите да се справат со проблемите
    Разбудете се! 2007
  • Децата и Интернетот — што треба да знаат родителите?
    Разбудете се! 2008
  • Кои се твоите онлајн пријатели?
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2022)
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 2/12 стр. 29

Поглед во светот

„Чудно, кога човек ќе стане претседател, некако има потреба да се моли“ (БАРАК ОБАМА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД).

На прашањето со што би ја изразиле својата национална гордост, 56 отсто од Аргентинците на возраст помеѓу 10 и 24 години рекле дека би го носеле дресот на фудбалската репрезентација на Аргентина (LA NACIÓN, АРГЕНТИНА).

Резултатите од едно истражување покажаа дека „во светски рамки се фрла околу една третина од храната произведена за широка потрошувачка, што би било околу 1,3 милијарди тони годишно“ (ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА ХРАНА И ЗЕМЈОДЕЛИЕ ПРИ ОН, ИТАЛИЈА).

„Денес, Земјата е преплавена со војни и затоа војската на нашата татковина треба секогаш да биде спремна да го заштити народот и сѐ што му е нему свето од каква и да било закана од надворешните непријатели“ (ПАТРИЈАРХОТ КИРИЛ, ПОГЛАВАР НА РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА).

Според една германска осигурителна компанија, најголем број од сообраќајните несреќи во 2010 год. се случиле помеѓу 7 и 8 часот. Претставник на компанијата изјави дека „една од најважните мерки за спречување сообраќајни несреќи е наутро да се излезе доволно рано за на работа“ (PRESSEPORTAL, ГЕРМАНИЈА).

Млади водачи во Малезија

Во едно популарно ТВ-шоу во Малезија се бираат имами, т.е. муслимански верски водачи. Шоуто со наслов „Млад водач“ се снима во Куала Лумпур. Во секој круг отпаѓа по еден од кандидатите, кои се на возраст од 18 до 27 години и се со различно потекло, сѐ додека не остане само еден. Победникот како награда добива пари и нов автомобил, но може да му биде понудено и работно место на имам, стипендија за школување во Саудиска Арабија и платени трошоци за аџилак во Мека. Кандидатите треба добро да ги совладаат задолженијата што ги има еден имам, да дебатираат на верски и актуелни теми и да цитираат од Коранот. Авторот на шоуто вели дека целта му била „младите да се заинтересираат“ за исламот.

Невнимателност на интернет

Многу корисници на социјални мрежи не сфаќаат дека може да имаат последици ако откријат лични информации. Но, тоа може скапо да ги чини подоцна во животот. Тимоти Рајт, директор на училиште, за австралискиот весник Sydney Morning Herald рекол дека „со современата технологија, секој непромислен збор, секоја навреда, секоја непристојна слика или откривање лични податоци на интернет остануваат трајно меморирани и достапни за секого“. Ова значи дека „грешките што ќе ги направиш на 15 години може да му бидат достапни на твојот работодавец дури и после 10 години“, вели Рајт.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели