ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/12 стр. 2-4
  • Опседнатоста со судниот ден

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Опседнатоста со судниот ден
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Содржина
    Разбудете се! 2012
  • Научници го поместија часовникот на судниот ден напред — што вели Библијата?
    Разно
  • Дали светот навистина оди во пропаст?
    Разбудете се! 2017
  • Дали крајот на светот е близу?
    Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 9/12 стр. 2-4

Опседнатоста со судниот ден

СЕ ПЛАШИШ ли од иднината? Ако да, не си единствениот. Уште од древни времиња, луѓето се обидувале да погодат што носи иднината, а мнозина заклучиле дека таа и не е баш розова. Илјадници години, идејата дека доаѓа суден ден, односно крај на светот, ја будела љубопитноста на луѓето.

Да ги земеме за пример филмовите и книгите во последно време. Во стрипови, на телевизија, во стотици филмови и во илјадници книги се плетат разни приказни за претстојниот суден ден. Се чини дека можностите од каде ќе му дојде крајот на човештвото одат во бесконечност — роботи-убијци, разни чудовишта, вонземјани, зомбија, духови, змејови, мајмуни, птици, мутирани стаорци и џиновски оси. Но, тешко дека некој ваквите приказни би ги сфатил сериозно!

Се разбира, има други приказни и теории што повеќе ги загрижуваат луѓето. За некои од нив се тврди дека се научни. Една од нив предвидува дека ќе дојде до големо поместување на целата земјина кора што ќе предизвика силни цунамија, земјотреси и вулкански ерупции. Според друга теорија, планетите ќе се подредат во линија и ова ќе ги засили соларните ветрови и ќе ја опустоши Земјата. Трета теорија вели дека ќе дојде до промена на магнетните полови на Земјата, поради што радијацијата од Сонцето ќе нѐ убие сите. Но, не грижи се, ништо од ова нема да се случи. Сепак, мнозина и понатаму се опседнати со вакви сценарија.

Што е со безбројните книги и веб-страници на оваа тема кои предвидуваат дека светот ќе пропадне на 21 декември оваа година? Според едно тврдење, некоја планета Нибиру (или Планета Х) ќе се судри со Земјата во декември 2012 год. Оваа и други непотврдени теории се поврзуваат со толкувањето на еден древен календар на Маите кој според некои завршува на зимската краткоденица во 2012 год.

Убедени во вакви предвидувања за катастрофи, некои изградиле засолништа во дворот или, платиле огромни суми за да си обезбедат сместување во подземни скривници. Други се преселиле во планините и се отсекле од цивилизацијата — не користат никакви јавни услуги, како што се водовод, греење или електрична енергија.

Се разбира, има и такви кои не веруваат во ниедна од овие теории. За нив е смешна идејата за претстоен крај на светот. На пример, научници од НАСА велат: „Ништо лошо нема да се случи со Земјата во 2012 год. Нашата планета сосема добро опстојува веќе над 4 милијарди години и угледни научници низ целиот свет се свесни дека ништо опасно нема да се случи во 2012“.

Но, би било грешка да заклучиме дека на човештвото не му се заканува никаква опасност или дека само лековерните сметаат дека судниот ден е повеќе отколку само фантазија или измислица. Дали навистина ни претстои суден ден? Ако да, каков и кога?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели