ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/12 стр. 28-29
  • Неверојатниот лимон

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Неверојатниот лимон
  • Разбудете се! 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Лимонот пушта корени во Италија
  • Не се само за јадење
  • Содржина
    Разбудете се! 2012
Разбудете се! 2012
g 9/12 стр. 28-29

Неверојатниот лимон

ЗАМИСЛИ СИ производ што може да се користи како лек, како средство за чистење, за дезинфекција и за разубавување. Освен тоа, можеш да го јадеш, да го пиеш неговиот сок и да добиеш етерично масло од него. Убав е на изглед, го има насекаде во светот и не е скап. Веројатно и сега имаш еден во кујната. Кој е тој производ? Лимон!

Се смета дека лимонот потекнува од Југоисточна Азија. Оттаму ова овошје постепено било распространето на запад кон Средоземјето. На ова дрво му одговара блага клима, па затоа толку успева во Аргентина, Италија, Мексико, Шпанија, па дури и делови од Африка и Азија. Едно зрело дрво, во зависност од сортата и од местото, може да роди 200, па дури и 1.500 лимони годишно. Култивираните сорти лимон цветаат во различни периоди, па затоа лимони има преку целата година.

Лимонот пушта корени во Италија

Прашањето дали древните Римјани одгледувале лимони е предмет на жестока расправа. Постојат писмени докази дека Римјаните знаеле за цитронот, уште еден член на фамилијата цитрус, кој многу личи на голем лимон. Во својата книга Природонаука, римскиот историчар Плиниј Постариот конкретно го спомнува дрвото на цитронот и неговиот плод. Меѓутоа, угледни експерти мислат дека на Римјаните им бил познат и лимонот. Како дошле до таков заклучок? Бидејќи на голем број фрески и мозаици јасно може да се видат лимони, а не цитрони. На пример, во Помпеја е ископана една вила наречена „Куќа на овоштарници“ бидејќи е украсена со фрески кои прикажуваат разни растенија, а меѓу нив и лимоново дрво. Во тоа време најверојатно се сметало за егзотично дрво и можеби се користело само како лековита билка. Не се знае дали лимоните биле лесни за одгледување и колку раширени биле во тоа време.

Островот Сицилија, со своите долги топли лета и благи зими, сега е главен производител на цитрусни овошја, вклучувајќи ги и лимоните. Но и на други, главно крајбрежни места, се одгледуваат лимони со добар квалитет.

Прекрасниот град Соренто се наоѓа јужно од Неапол, а јужно од него е крајбрежјето Амалфи — кое е долго само 40-ина километри, но претставува спектакуларна глетка. Во заливчињата долж брегот се сместени живописни гратчиња како што се Амалфи, Позитано и Виетри сул Маре. Соренто и крајбрежјето Амалфи произведуваат лимони со Заштитена географска ознака, гаранција дека навистина се произведени таму. Локалното население со право ги заштитува своите лимонови дрвца, затоа што тие се плански терасесто поредени на планината, за да можат да ја впиваат потребната сончева светлина и да дадат прекрасни мирисливи и сочни лимони.

За да одгледуваш лимон не ти треба многу место. Доволно е да имаш тераса што гледа на сонце бидејќи мали лимонови дрвца може да се одгледуваат во саксии, а воедно се и прекрасен украс. Лимонот сака сончеви места на заветрина каде што ќе може да ја впива топлината, по можност до ѕид. Меѓутоа, ако температурата падне, треба да се покријат или да се внесат внатре.

Не се само за јадење

Колку често користиш лимон? Некои ставаат резанка лимон во чај, други ставаат по неколку капки лимонов сок во торти. Можеби го цедиш за да направиш лимонада. Готвачите низ целиот свет секогаш имаат лимон при рака зашто се користи во многу рецепти. Но, си користел ли некогаш лимонов сок како средство за дезинфекција или за да отстраниш дамка?

Всушност, некои ги чистат и ги дезинфицираат штиците за сечење триејќи ги со лимон пресечен на половина. Други, пак, наместо да користат варикина, мијалниците и дамките ги чистат со мешавина од лимонов сок и сода бикарбона. А се вели дека ако во фрижидерот или во машината за миење садови чувате половина лимон, не само што ќе исчезнат непријатните миризби туку кога ќе ги отворите, ќе ве заплисне свежина.

Лимонот е одличен извор на лимонска киселина, која се користи како природен конзерванс и која им дава на храната или на пијалакот кисел вкус. Од пулпата и од кората на лимонот се добива пектин, кој во прехранбената индустрија се користи како згуснувач, емулгатор или средство за желирање. Освен тоа, од кората се добива и масло што наоѓа примена во прехранбената, фармацевтската и козметичката индустрија. Списокот е бесконечен. Овој плод е навистина интересен, вкусен и сенаменски.

Витамин C

Витаминот C е неопходен за растот и здравјето. За среќа, може да се најде во многу видови храна, како што се зелениот листест зеленчук, доматите, бабурите, црните рибизли и јагодите. Цитрусните овошја, вклучувајќи ги и лимоните, се богат извор на витамин C. Количината на витамин C во лимонот зависи од многу фактори, како што се климата, колку е зрел плодот, па дури и неговата положба на дрвото.

Во некои земји препорачаната дневна доза на витамин C за здрави возрасни лица е околу 100 милиграми. Еден лимон со просечна големина може да му задоволи на едно возрасно лице околу половина од дневните потреби од витамин C.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели