ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/12 стр. 10-12
  • Што да очекувам од бракот? — дел 1

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што да очекувам од бракот? — дел 1
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Бракот — дар од Бог
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Ти можеш да имаш среќен брак!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Што е потребно за успешен брак?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Бракот — дар од Бог
    Зачувај ја Божјата љубов
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 9/12 стр. 10-12

Младите прашуваат

Што да очекувам од бракот? — дел 1

„Кога сум со него како да сум во облаци. Едвај чекам да се земеме!“

„Немаме речиси ништо заедничко. Наместо брачни другари ние сме само цимери. Се чувствувам толку осамено!“

ВЕРОЈАТНО погодуваш дека изјавата горе е од немажена девојка, а изјавата лево од личност што е во брак. Но, веројатно не можеш да погодиш дека и двете изјави се од иста личност.

Што тргнало наопаку? Ако сакаш еден ден да стапиш во брак, што можеш да направиш твојот романтичен сон да не се претвори во брачен кошмар?

Факт: Твојата среќа во бракот многу зависи од тоа што очекуваш од него.

Оваа статија, како и статијата „Младите прашуваат“ во следниот број на Разбудете се! ќе ти помогнат да имаш реални очекувања.

Реално гледано, што можеш да очекуваш од бракот? Во основа, следново:

  1. Очекувај убави работи

  2. Очекувај проблеми

  3. Очекувај го неочекуваното

Да го разгледаме секое од овие очекувања посебно.

ОЧЕКУВАЈ УБАВИ РАБОТИ

Библијата зборува позитивно за бракот (Изреки 18:22). Еве некои убави работи што можеш да ги очекуваш.

Животен сопатник. Библијата вели дека по некое време откако го создал првиот човек Адам, Бог рекол: „Не е добро човекот да биде сам“, по што ја создал Ева која му станала животен сопатник на Адам (1. Мојсеева 2:18). Бог го создал секого од нив со уникатни особини за да бидат различни, а сепак да се надополнуваат. Затоа, мажот и жената се животни сопатници што делат сѐ — и добро и лошо (Изреки 5:18).

Библијата вели: „Подобро им е на двајца отколку на еден, зашто имаат добра плата за својот труд“ (Проповедник 4:9). Ова секако важи за бракот. „За бракот да биде добар, двајцата треба да работат како тим, да бидат понизни и спремни да прават отстапки одвреме-навреме“, вели Бренда која неодамна стапила во брак.a

Интимност. Во Библијата е напишано: „Мажот нека ја исполнува брачната должност спрема жената, а исто така и жената спрема мажот“ (1. Коринќаните 7:3). Кога си во брак, можеш да ги задоволиш сексуалните желби без грижите и каењето кои најчесто се последица на предбрачниот секс (Изреки 7:22, 23; 1. Коринќаните 7:8, 9).

Заклучок: Бракот е дар од Бог (Јаков 1:17). Кога ги следиш Божјите начела, можеш да очекуваш бракот да биде извор на голема радост.

Размисли: Дали врз твоето гледиште за бракот влијаеле некои лоши примери — можеби од твоето семејство? Ако да, кои позитивни примери можеш да ги следиш?

ОЧЕКУВАЈ ПРОБЛЕМИ

Библијата ни дава реална слика за бракот (1. Коринќаните 7:28). Еве некои проблеми кои може да ги очекуваш.

Несогласувања. Не постојат две потполно исти личности — заедничка ни е само несовршеноста (Римјаните 3:23). Значи, меѓу мажот и жената понекогаш ќе се јават несогласувања, без разлика колку си одговараат. Понекогаш можеби дури и ќе си кажат нешто за кое подоцна ќе се каат. „Ако некој не греши во зборови, тој е совршен човек“, вели Библијата (Јаков 3:2). Наместо по секоја цена да се трудат да ги избегнат сите несогласувања, успешните двојки учат како да разговараат за нив и да ги решаваат кога ќе се појават.

Разочарување. „Преплавени сме со филмови и телевизиски емисии во кои девојката го наоѓа својот ‚принц‘ и потоа си живеат среќно до крајот на животот“, вели една девојка по име Карен. Кога бракот нема да излезе како од книгите и филмовите, и двајцата партнери можат да се разочараат. Се разбира, откако ќе стапат во брак и двајцата ќе откријат и други маани и необични навики кај другиот. Важно е да запамтат дека вистинската љубов „сѐ трпи“ — дури и разочарување (1. Коринќаните 13:4, 7).

Грижи. Библијата вели дека оној што е во брак „се грижи за световното“ (1. Коринќаните 7:33, 34). Таквите грижи се нормални и често дури и оправдани. На пример, можеби нема да биде лесно да врзете крај со крај. Можеби и двајцата мора да работите само за да обезбедите храна, облека и покрив над главата. Но, можете да успеете во тоа, ако правите сѐ како тим за да се грижите за своето семејство (1. Тимотеј 5:8).

Заклучок: Ако времето кога двајца се во врска може да се спореди со летање змеј, тогаш бракот е како управување со авион. Ќе ти треба многу поголема вештина и труд за да ги совладаш турбулентните периоди — но можеш да успееш.

Размисли: Како реагираш сега кога ќе се спречкаш со родителите или со брат ти или сестра ти? Можеш ли реално да гледаш на ситуацијата кога си разочаран од нешто? Како се носиш со грижите?

ВО СЛЕДНАТА СТАТИЈА „МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ“... Како можат библиските начела да ти помогнат да го очекуваш неочекуваното?

Статии од рубриката „Младите прашуваат“ има и во други броеви од списанието Разбудете се! кое можеш да го симнеш од веб-страницата www.jw.org/mk

a Некои имиња во оваа статија се сменети.

ШТО ВЕЛАТ ДРУГИ МЛАДИ

Британи — Мислам дека е погрешно да се омажиш само затоа што ти е преку глава од прашањето „Што чекаш, кога ќе се мажиш?“ Кога ќе дојде до проблеми, ти ќе мораш да ги решаваш, а не оние што ти вршат притисок да се мажиш.

Кјара — Кога се водени од емоции, луѓето не размислуваат разумно. Затоа мислам дека родителите треба да бидат твојот разум кога мислиш да стапиш во брак. Тие те познаваат многу добро и затоа можат да ти помогнат да најдеш некој што ќе ти одговара.

ШТО МИСЛИШ ТИ?

Горан и Даниела се во врска веќе една година. За таа една година двапати за малку ќе раскинеле. Првиот пат, Горан сакал да раскине кога ја обвинил Даниела дека флертува со други момчиња. Вториот пат, Даниела му рекла на Горан дека сака да ѝ стави крај на врската затоа што веќе не може да ги трпи неговите обвинувања. И во двете ситуации Горан и Даниела успеале да ги решат несогласувањата.

Што мислиш ти? Можеш ли да видиш некои знаци за опасност во врската на Горан и Даниела? Што покажува тоа што повеќе од еднаш се нашле во ситуација да раскинат? Од друга страна, што покажува тоа што успеале да ги решат проблемите? Што мислиш, што можат Горан и Даниела да очекуваат од бракот?

ЗОШТО НЕ ГИ ПРАШАШ РОДИТЕЛИТЕ?

Разгледај ја заедно со родителите рамката „Што мислиш ти?“ Види дали нивното мислење за Горан и Даниела се разликува од твоето.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели