ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/13 стр. 12-13
  • Во посета на Индонезија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во посета на Индонезија
  • Разбудете се! 2013
Разбудете се! 2013
g 4/13 стр. 12-13

ЗЕМЈИ И НАРОДИ | ИНДОНЕЗИЈА

Во посета на Индонезија

ИНДОНЕЗИЈА ја сочинуваат околу 17.000 острови. Народот е познат по својата срдечност, стрпливост, учтивост и гостољубивост.

Неизоставен дел на индонезиската кујна се оризот, зачинетите јадења и овошјето. Во некои делови од Индонезија, семејствата обично јадат седејќи на простирка на подот, при што со прстите си земаат од оризот и од другото јадење. Многу Индонезијци велат дека храната е повкусна кога се јаде вака.

Дуријан е овошје со сочна, кремаста срцевина со кое мнозина се насладуваат и покрај неговата јака миризба

Индонезијците се љубители на уметноста, танцувањето и музиката. Типичен индонезиски инструмент е анклонгот, составен од бамбусови цевки закачени на рамка. Кога цевките ќе се затресат, произведуваат одреден тон или акорд. За да се добие хармонична мелодија, изведувачите мораат добро да соработуваат, што значи дека секој мора да го затресе својот анклонг во исправниот момент.

Орангутанот — жител на дождовните шуми на Суматра и Борнео — е најголемото животно што живее на дрвја. Еден возрасен мажјак може да тежи 90 килограми и да има распон на рацете од околу 2,5 метри

До 15 век од н.е., Индонезија била под силно влијание на хиндуизмот, а потоа и на будизмот. Во 16 век, исламот веќе бил длабоко навлезен во индонезиската култура. Во тоа време пристигнале и Европејците во потрага по зачини, а со себе го донеле и христијанството.

Јеховините сведоци, познати во светот по своето библиско образовно дело, се активни во Индонезија од 1931 год. Моментално, во Индонезија има над 22.000 Сведоци, кои вложуваат напори да им ја пренесат добрата вест на глувите лица. Неодамна, повеќе од 500 луѓе присуствуваа на посебниот состанок на знаковен јазик на кој Јеховините сведоци ја одбележаа смртта на Исус Христос.

ПРОВЕРИ КОЛКУ ЗНАЕШ

Кои од следниве работи ги има во Индонезија?

  1. 20.000 видови растенија

  2. најмногу видови цицачи на светот

  3. најголемото цвеќе на светот

  4. највисокото цвеќе на светот

Одговор: Сите. Најголемото цвеќе на светот е со дијаметар од околу 90 сантиметри, а највисокото цвеќе е високо 3 метри.

НЕКОИ ФАКТИ

  • Население: 237.600.000

  • Главен град: Џакарта

  • Клима: тропска

  • Извозник на: палмово масло, каучук, нафта, јаглен

  • Јазик: индонезиски и стотици други регионални јазици и дијалекти

  • Религија: претежно муслимани (88 отсто)

Разбудете се! излегува на 98 јазици, меѓу кои и индонезиски

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели