ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/15 стр. 12-13
  • Во посета на Никарагва

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во посета на Никарагва
  • Разбудете се! 2015
Разбудете се! 2015
g 9/15 стр. 12-13
Островот Ометепе е формиран од два вулкани во Езерото Никарагва

Островот Ометепе на Езерото Никарагва има бујна вегетација и го сочинуваат два огромни вулкани меѓу кои има теснец

ЗЕМЈИ И НАРОДИ

Во посета на Никарагва

Карта на Никарагва

ЛУЃЕТО честопати ја нарекуваат Никарагва земја на езера и вулкани. Оваа земја може да се пофали со најголемото езеро во Средна Америка — Езерото Никарагва. Староседелските племиња го нарекуваат Cocibolca што значи „Слатко Море“. Во него има стотици острови и тоа е единственото слатководно езеро во кое живеат риби што обично ги има во океаните, како што се ајкулите, сабјарките и тарпоните.

Цвеќето плумерија е симбол на Никарагва

Растението плумерија (Plumeria rubra) е симбол на Никарагва

Во Никарагва се наоѓа и едно од најзафрлените подрачја на Средна Америка — брегот Мискито. Тој е долг 65 километри и го опфаќа речиси целото источно крајбрежје на Никарагва, па дури и дел од крајбрежјето на Хондурас. Мискитите се едно од неколкуте домородни племиња кои живееле таму уште пред да се доселат Европејците во 16 век.

Тие се многу дружељубиви луѓе и имаат несекојдневни обичаи. На пример, во нивниот јазик нема формални зборови за обраќање, како што се „господин“ и „госпоѓа“. Во селата, помладите им се обраќаат на повозрасните со „чичко“ или „тетка“, сеедно дали се роднини или не. Жените од ова племе уште од дамнешни времиња имаат обичај да се поздравуваат со блиските пријатели или роднини така што се допираат со образите. Притоа, жената која прва се поздравила гласно вдишува преку својот нос.

Староседелци во Никарагва

Староседелци

Библиски публикации на јазиците мајангна и мискито

Библиски публикации на мајангна и мискито, издадени од Јеховините сведоци

НЕКОИ ФАКТИ

  • Население: 6.176.000

  • Јазик: шпански; во автономните региони јазиците мискито, мајангна, рама и англиски креолски имаат еднаков статус

  • Државно уредување: претседателска република

  • Главен град: Манагва

  • Клима: главно тропска, но постудена во планините

  • Природни обележја: рамно крајбрежје и планини во внатрешноста

ПРОВЕРИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ

Одговори со точно или неточно на следниве изјави во врска со Никарагва:

  1. А. Оваа земја веројатно го добила своето име по поглаварот на едно староседелско племе кој се викал Никарао и живеел пред повеќе векови.

  2. Б. Никарагва е единствената земја во Средна Америка која е колонизирана и од Шпанија и од Британија.

  3. В. Низ вековите, градовите кои се наоѓаат на брегот на езерото Никарагва биле напаѓани од карипските пирати.

  4. Г. Никарагва е најретко населена земја во Средна Америка.

Одговори: Сите изјави се точни.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели