ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g16 Бр. 1 стр. 12-13
  • Во посета на Лихтенштајн

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во посета на Лихтенштајн
  • Разбудете се! 2016
Разбудете се! 2016
g16 Бр. 1 стр. 12-13
Покриен мост над река во Лихтенштајн

ЗЕМЈИ И НАРОДИ

Во посета на Лихтенштајн

Карта на која се означени границите на Лихтенштајн со Швајцарија и Австрија

ОВАА земја е една од најмалите во светот и е сместена на Алпите, помеѓу Швајцарија и Австрија. Низ вековите, на нејзиното подрачје живееле Келтите, Раетанците, Римјаните и Алеманите. Денес, околу две третини од населението на Лихтенштајн се потомци на племето Алемани, кое живеело во оваа област пред околу 1.500 години.

Официјален јазик во Лихтенштајн е германскиот, а во селата се зборуваат повеќе дијалекти. Две познати национални јадења се Турка-ребел, специјалитет направен од пченка, и Ескнупфле, тестенини со сирење.

Две национални јадења во Лихтенштајн

Ескнупфле

Жена и девојче од Лихтенштајн облечени во живописна народна носија

Живописна народна носија

Додека патуваат низ земјата, посетителите можат да уживаат во прекрасната глетка кон снежните планини, зелените долини, лозјата и богатата вегетација. Само како за пример, во оваа алпска микродржава можат да се најдат речиси 50 видови диви орхидеи. Во Лихтенштајн има и музеи, театри и винарски визби. Затоа, таму доаѓаат туристи и во лето и во зима.

Јеховините сведоци во Лихтенштајн се активни од 1920-тите години. Моментално, во земјата има околу 90 Јеховини сведоци кои им ја пренесуваат пораката од Библијата на домашното население и на посетителите.

Книгата Што навистина учи Библијата?, која е издадена од Јеховините сведоци, ја има и на германски јазик, официјалниот јазик во Лихтенштајн. Достапна е и на www.jw.org/mk.

НЕКОИ ФАКТИ

  • Население: 37.000

  • Главен град: Вадуз

  • Службен јазик: германски

  • Религија: претежно римокатоличка

ПРОВЕРИ КОЛКУ ЗНАЕШ

Што од следново важи за Лихтенштајн?

  1. А. Една од двете земји во светот кои се граничат само со држави кои од сите страни се опкружени со копно.

  2. Б. Дом на повеќе од 50  видови цицачи.

  3. В. Дом на околу 1.600 видови растенија.

  4. Г. Земја без своја армија.

Одговор: Сите четири работи.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели