ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g16 Бр. 4 стр. 12-13
  • Во посета на Киргистан

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во посета на Киргистан
  • Разбудете се! 2016
Разбудете се! 2016
g16 Бр. 4 стр. 12-13
Јурти во долината Таш Рабат во Киргистан

Куќи слични на шатори наречени јурти, во долината Таш Рабат

ЗЕМЈИ И НАРОДИ

Во посета на Киргистан

Киргистан на географска карта

ОПКРУЖЕН со високо издигнати снежни врвови, Киргистан е сместен во централна Азија и граничи со Казахстан, Узбекистан, Таџикистан и Кина. Речиси 90 отсто од земјата е планинска. На територијата на Киргистан гордо се извишува највисокиот врв на планинскиот венец Тјан Шан, со надморска висина од 7.439 метри. Околу четири отсто од површината на земјата ја покриваат шуми. Значајно е да се спомне дека во Киргистан се наоѓа една од најголемите шуми во светот во која природно растат ореви.

Јеховин сведок ја проучува Библијата со една жена во Киргистан

Јеховините сведоци поучуваат за Библијата илјадници луѓе во Киргистан

Жителите на Киргистан се познати по својата гостољубивост и почит. Во оваа земја е вообичаено на постаро лице да му се обраќаат со учтивата форма „Вие“, да му се отстапи местото за седење во јавниот транспорт и да му се даде најпочесното место на трпезата.

Семејствата најчесто имаат три или повеќе деца. Најмалиот син обично останува да живее со своите родители дури и откако ќе се ожени, за да се грижи за нив во староста.

Девојчињата уште од мали се поучувани да работат низ дома. Во средните тинејџерски години тие веќе знаат да ги извршуваат сите домашни работи. За невестата обично се спрема мираз. Во него има разни постелнини и облека, како и рачно исткаен килим. Младоженецот треба да плати цена за невестата со пари или со стока.

За прославите и за погребите е обичај да се заколе овца или коњ. Животното се сече на парчиња, и секое парче е наменето за одреден гостин. Кој каков дел ќе добие зависи од неговата возраст и положба. Така се покажува почит кон гостите. На крајот се послужува традиционалното јадење бешбармак, кое се јаде со раце.

Момче свири на комуз

Комуз е познат музички инструмент

НЕКОИ ФАКТИ

Што навистина учи Библијата?

Книгата Што навистина учи Библијата? е издадена и на киргиски и е достапна на www.jw.org

  • Население: 5.776.000

  • Главен град: Бишкек

  • Јазици: киргиски, руски

  • Извозник на: памук, волна, злато, жива, ураниум

  • Религија: ислам (80 отсто)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели