ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g17 Бр. 6 стр. 10-11
  • Во посета на Нов Зеланд

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во посета на Нов Зеланд
  • Разбудете се! 2017
Разбудете се! 2017
g17 Бр. 6 стр. 10-11
Милфорд Саунд (Нов Зеланд)

Милфорд Саунд

ЗЕМЈИ И НАРОДИ

Во посета на Нов Зеланд

Нов Зеланд прикажан на карта на светот

ВЕРОЈАТНО пред околу 800 години, Маорите поминале илјадници километри преку океан и се населиле на Нов Зеланд. На нивно изненадување, земјата која ја пронашле воопшто не наликувала на тропските полинезиски острови кои ги оставиле зад себе. Таа изобилувала со планини, глечери, термални извори и снежни предели. Околу пет века подоцна, пристигнала нова група доселеници, патувајќи дури од далечната Европа. Денес, повеќето жители на Нов Зеланд ја почитуваат и англосаксонската и полинезиската традиција. Речиси 90 отсто од населението живее во градовите. Градот Велингтон се издвојува по тоа што е најјужниот главен град во светот.

Базени со врела кал на Северниот Остров (Нов Зеланд)

Базени со врела кал на Северниот Остров

Со својата шаренолика и фасцинантна природна убавина, не е за изненадување што Нов Зеланд, иако се наоѓа релативно далеку од останатиот свет, секоја година угостува и до три милиони туристи.

Сребрен папрат

Сребрениот папрат може да достигне висина до преку 10 метри

Нелетачката птица такахе

Сѐ до 1948 год. се сметаше дека нелетачката птица такахе е изумрена

Нов Зеланд може да се пофали со прилично разновиден жив свет, со најголем број видови нелетачки птици во светот. Оваа земја е дом и на туатарата, вид рептил сличен на гуштер кој може да живее и до сто години! Од сите цицачи, единствените „староседелци“ се неколку видови лилјаци и некои големи морски цицачи, како што се китовите и делфините.

Во Нов Зеланд, Јеховините сведоци речиси 120 години ги поучуваат другите за Библијата. Тоа го прават на најмалку 19 јазици, меѓу кои се полинезиските јазици ниуе, раротонга, самојски и тонгаски.

Маори изведуваат танц

Маори изведуваат танц во традиционална облека

ДАЛИ СИ ЗНАЕЛ?

Името Нов Зеланд потекнува од една област во Холандија наречена Зеланд. Маорското име на оваа земја, Аотеароа, значи „Земја на долгиот бел облак“.

Иако повеќето жители на Нов Зеланд зборуваат англиски, домородниот маорски јазик повторно заживеа и се предава во училиштата. Официјалната интернет-страница на Јеховините сведоци, jw.org, е достапна и на маорски.

  • НАСЕЛЕНИЕ: 4,7 МИЛИОНИ

  • ГЛАВЕН ГРАД: ВЕЛИНГТОН

  • ПРИРОДНИ ОБЕЛЕЖЈА: СЕВЕРНИОТ ОСТРОВ СЕ КАРАКТЕРИЗИРА СО АКТИВНИ ВУЛКАНИ И ТЕРМАЛНИ ИЗВОРИ, ДОДЕКА ЈУЖНИОТ ОСТРОВ СО ИЛЈАДНИЦИ ГЛЕЧЕРИ

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели