ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g22 Бр. 1 стр. 10-12
  • 3 | Остани близок со оние што ги сакаш

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 3 | Остани близок со оние што ги сакаш
  • Разбудете се! 2022
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЗОШТО Е ВАЖНО
  • Што треба да знаеш
  • Што можеш да преземеш уште сега
  • Добри пријатели — лоши пријатели
    Разбудете се! 2005
  • Мудро бирај ги своите пријатели
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Како да ја задоволиме потребата од пријатели
    Разбудете се! 2005
  • Трајни пријателства во свет без љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Разбудете се! 2022
g22 Бр. 1 стр. 10-12
Еден среќен постар брачен пар се прегрнува.

СВЕТ ВО ХАОС

3 | Остани близок со оние што ги сакаш

ЗОШТО Е ВАЖНО

Поради хаосот во светот, многу луѓе се сѐ позагрижени и несвесно се оддалечуваат од оние што ги сакаат.

  • Луѓето се изолираат од своите пријатели.

  • Брачните другари сѐ почесто се караат.

  • Родителите не обрнуваат речиси никакво внимание на она што ги загрижува нивните деца.

Што треба да знаеш

  • Пријателите се од клучно значење за нашето физичко и емоционално здравје, особено во тешки времиња.

  • Стресот што го носи хаосот во светот може да доведе до неочекувани проблеми во семејството.

  • Вознемирувачките вести може многу да ги уплашат децата.

Што можеш да преземеш уште сега

Во Библијата пишува: „Вистинскиот пријател сака во секое време, и брат станува во неволја“ (Изреки 17:17).

Помисли на некој што те поддржува и што може да ти даде добри совети. Самото тоа што знаеш дека некој се грижи за тебе може да ти даде сила да се носиш со секојдневните предизвици.

КАКО ДА ОПСТАНЕМЕ — Корисни совети

Следниве совети можат да ти помогнат да останеш близок со оние што ги сакаш

ЗАЦВРСТИ СИ ГО БРАКОТ

Еден среќен постар брачен пар се прегрнува.

Зацврсти си го бракот

Во Библијата пишува: „Подобро им е на двајца отколку на еден... Зашто, ако падне едниот, другиот ќе го подигне другарот свој“ (Проповедник 4:9, 10). Брачните другари треба да бидат како пилот и копилот со ист план на летање, а не како пилоти на борбени авиони на две спротивставени страни.

  • Бидете решени да не си ја истурате нервозата еден на друг. Бидете стрпливи и толерантни еден со друг.

  • Како брачни другари, барем еднаш седмично разговарајте за некој проблем што можеби го имате. И не заборавајте, целта не треба да ви биде да се напаѓате еден со друг, туку да го нападнете проблемот.

  • Одвојте си време да правите нешто во кое и двајцата уживате.

  • Потсетувајте се на убавите моменти што сте ги поминале, можеби така што ќе гледате слики од својата венчавка или од други мили настани.

„Сопружниците можеби нема да се согласуваат за сѐ, но тоа не значи дека не може да соработуваат како тим. Може да донесат заедничка одлука и потоа да работат на тоа да ја остварат“ (Дејвид).

ОДРЖУВАЈ ГИ ПРИЈАТЕЛСТВАТА

  • Жени од различни раси се дружат и се смеат.

    Одржувај ги пријателствата

    Убаво е кога добиваш поддршка од пријателите, но размислувај како и ти да им дадеш поддршка ним. Кога ги храбриш другите, се охрабруваш и себеси.

  • Јави им се или пиши им на неколку пријатели секој ден за да видиш како се.

  • Прашај ги пријателите како тие се справуваат со слични предизвици како твоите.

„Кога минуваш низ некој бурен период, пријателите се како светилник. Тие може да те насочат во исправниот правец, макар само така што ќе те потсетат на работите што веќе ги знаеш. Пријателите те сакаат, а знаат дека и ти ги сакаш нив“ (Никол).

ПОМАГАЈ ИМ НА СВОИТЕ ДЕЦА

Родители со своите две деца седат покрај езеро и уживаат во природата.

Помагај им на своите деца

Во Библијата пишува: „Секој човек треба да биде брз на слушање, а бавен на зборување“ (Јаков 1:19). Отпрвин, на твоите деца може ќе им биде тешко да си ги кажат своите стравови и грижи, но ако стрпливо ги слушаш, ќе им помогнеш да ти се отворат.

  • Помогни им на децата да се чувствуваат слободно да зборуваат со тебе за сѐ. На некои деца им е полесно да зборуваат во опуштени ситуации, отколку формално да разговараат со родителите. Можеби твоите деца полесно ќе ти се отворат додека се возите или додека се шетате.

  • Погрижи се твоите деца да не бидат премногу изложени на вознемирувачки вести.

  • Кажи им на децата што имаш преземено за семејството да биде безбедно.

  • Испланирајте како да постапите во итни ситуации и вежбајте со децата.

„Разговарајте со децата и дозволете им и тие да се искажат. Можеби потискаат во себе страв, грижи или гнев. Кажи им дека и ти се бориш со слични чувства и што ти помага да се справиш со нив“ (Бетани).

Сцена од видеоклипот „Твоето семејство може да биде среќно“. Маж и жена се држат за рака и се шетаат по патека.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ. Гледај го видеоклипот Твоето семејство може да биде среќно. Побарај го овој видеоклип на jw.org.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели