ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g24 Бр. 1 стр. 13-15
  • Што се случи со почитта кон себеси?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што се случи со почитта кон себеси?
  • Разбудете се! 2024
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЗОШТО Е ВАЖНА ПОЧИТТА КОН СЕБЕСИ
  • ШТО МОЖЕШ ДА ПРАВИШ
  • ШТО ПРАВИМЕ НИЕ
  • Каде да најдеш помош
    Разбудете се! 2020
  • Што се случи со почитта кон семејството?
    Разбудете се! 2024
  • Како може да ти користат состаноците на Јеховините сведоци?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Како да стекнам поголема самопочит?
    Разбудете се! 2010
Повеќе
Разбудете се! 2024
g24 Бр. 1 стр. 13-15
Една натажена жена се гледа себеси во огледало.

Што се случи со почитта кон себеси?

ЗОШТО Е ВАЖНА ПОЧИТТА КОН СЕБЕСИ

Луѓето кои имаат самопочит храбро се соочуваат со животните предизвици. Тие не се откажуваат лесно.

  • Испитувањата покажуваат дека оние кои немаат добро мислење за себеси се склони кон анксиозност, депресија и нарушување во исхраната. И поверојатно е дека таквите луѓе ќе злоупотребат алкохол и дрога.

  • Луѓето кои имаат почит кон себеси не се споредуваат со другите, а тоа им помага да бидат во добри односи со луѓето околу нив и да изградат цврсти пријателства. Од друга страна, оние кои имаат ниска самопочит се склони да ги критикуваат другите, а тоа може да ги наруши пријателствата.

  • Дури и кога се соочуваат со предизвици, луѓето со самопочит остануваат цврсти. Тие не дозволуваат неуспесите да ги спречат да ги постигнат своите цели. За разлика од нив, оние со ниска самопочит честопати на малите неуспеси гледаат како на огромни препреки. Поради тоа може лесно да се откажат.

ШТО МОЖЕШ ДА ПРАВИШ

Избирај пријатели кои позитивно влијаат врз тебе. Дружи се со луѓе кои покажуваат почит, кои искрено се грижат за тебе и кои те храбрат.

„Вистинскиот пријател сака во секое време, и брат станува во неволја“ (Изреки 17:17).

Помагај им на другите. Ако си љубезен и им помагаш на другите — вклучувајќи ги и оние што не можат да ти возвратат — ќе ја почувствуваш вистинската среќа која доаѓа од давањето. Ќе бидеш среќен дури и ако другите не покажат ценење за она што си го направил.

„Повеќе усреќува давањето отколку примањето“ (Дела 20:35).

Помагај им на твоите деца да стекнат самопочит. Еден начин е така што ќе им дозволуваш самите да ги решаваат своите проблеми, до онаа мера до којашто можат. Тоа им помага на децата да научат како да истраат кога се соочуваат со проблеми и како да ги решаваат. Тоа во нив ќе изгради самопочит и ќе им биде од корист кога ќе пораснат.

„Воспитувај го детето според патот по кој треба да оди, па нема да скршне од него ни кога ќе остари“ (Изреки 22:6).

Една жена која е Јеховин сведок води библиски курс со жена во едно кафуле.
Една жена која е Јеховин сведок води библиски курс со жена во едно кафуле.

ШТО ПРАВИМЕ НИЕ

Преку состаноците и курсот за проучување на Библијата, Јеховините сведоци им помагаат на луѓето да си го подобрат животот, а со тоа и самопочитта.

НАШИТЕ СЕДМИЧНИ СОСТАНОЦИ

На нашите седмични состаноци слушаме библиски говори кои честопати вклучуваат предлози за тоа како да изградиме самопочит. Нашите состаноци се бесплатни и отворени за јавност. На пример, на нашите состаноци ќе дознаеш...

  • зошто си му важен на Бог

  • како да најдеш вистинска смисла во животот

  • како да изградиш цврсти и трајни пријателства

Ќе најдеш и вистински пријатели кои „се грижат еден за друг“ (1. Коринќаните 12:25, 26).

За да дознаеш повеќе за нашите состаноци, на jw.org побарај го краткиот видеоклип Како изгледаат состаноците на Јеховините сведоци?

НАШИОТ БИБЛИСКИ КУРС

Нудиме бесплатен интерактивен библиски курс со помош на книгата Радувај му се на животот засекогаш. Оваа книга содржи стихови со кои се истакнуваат главните мисли, делотворни прашања, поучни видеоклипови и убави слики. Освен тоа, во неа работите се објаснети на едноставен начин. Нашиот библиски курс им помага на луѓето да изградат самопочит и да си го подобрат животот.

За да дознаеш како може да ти користи проучувањето на Библијата со Јеховините сведоци, на jw.org побарај го краткиот видеоклип Зошто да ја проучуваш Библијата?

Израел Мартинез.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Израел Мартинез се чувствувал помалку вреден од другите поради неговата финансиска состојба и неговото ограничено образование. На jw.org побарај ја статијата „Повеќе не се срамам од себеси“ за да дознаеш како присуството на состаноците на Јеховините сведоци и проучувањето на Библијата му помогнале да стекне самопочит.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели