ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 60
  • Авигеја и Давид

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Авигеја и Давид
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Постапила разборито
    Угледајте се на нивната вера
  • Таа постапила разборито
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • „Благословена да биде твојата разумност“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Една разборита жена спречува несреќа
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 60
Авигеја им носи храна и други намирници на Давид и на неговата војска

ПРИКАЗНА 60

Авигеја и Давид

ЗНАЕШ ЛИ која е оваа убава жена што доаѓа кај Давид? Се вика Авигеја. Таа била разумна и го спречила Давид да направи нешто лошо. Но, пред да дознаеме малку повеќе за тоа, да видиме што се случило со Давид.

Откако побегнал од Саул, Давид се криел во една пештера. Неговите браќа и останатите од неговото семејство му се придружиле. Сѐ на сѐ, околу 400 луѓе дошле кај него, и Давид им станал водач. Давид потоа отишол кај царот на Моав и му рекол: ‚Те молам, дозволи им на татко ми и мајка ми да останат кај тебе додека да видам што ќе се случи со мене‘. Подоцна Давид и неговите луѓе почнале да се кријат по планините.

По овие настани, Давид ја сретнал Авигеја. Нејзиниот маж Навал бил богат земјопоседник. Тој имал 3.000 овци и 1.000 кози. Навал бил лош човек. А неговата жена Авигеја била многу убава. Исто така, знаела како да постапи исправно. Еднаш дури го спасила своето семејство. Да видиме како.

Давид и неговите луѓе биле добри кон Навал. Му помагале да ги заштити своите овци. Еден ден, Давид испратил неколку свои луѓе да го замолат Навал за услуга. Давидовите луѓе дошле кај Навал додека тој и неговите помошници ги стрижеле овците. Тоа било како празник, па Навал имал голем број вкусни јадења. Давидовите луѓе му го рекле следново: ‚Ние бевме добри кон тебе. Не ти украдовме ниту една овца, туку ти помагавме да ги чуваш. Сега, те молиме, дај ни малку храна‘.

‚Нема да им дадам од својата храна на луѓе како вас‘, рекол Навал. Тој зборувал на еден многу злобен начин и кажал лоши работи за Давид. Кога луѓето се вратиле и му го кажале тоа на Давид, тој многу се налутил. ‚Препашете ги мечевите!‘ — им рекол на луѓето. И тие тргнале да ги убијат Навал и неговите луѓе.

Еден од Наваловите луѓе, кој ги слушнал злобните зборови на Навал, ѝ кажал на Авигеја што се случило. Авигеја веднаш подготвила храна, ја натоварила на неколку магариња и тргнала на пат. Кога го сретнала Давид, се симнала од магарето, се поклонила и рекла: ‚Те молам, господару, не обрнувај му внимание на мојот маж Навал. Тој е безумен и прави безумни работи. Ви носам подарок. Те молам, земи го и прости ни за она што се случило‘.

‚Ти си мудра жена‘, одговорил Давид. ‚Ти ме спречи да го убијам Навал за да му вратам за неговата злоба. Сега оди си дома во мир.‘ Подоцна, кога Навал умрел, Авигеја му станала жена на Давид.

1. Самоилова 22:1-4; 25:1-43.

Прашања

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели