Обединети во извршувањето на Божјата волја
Се надеваме дека информациите изнесени во оваа брошура за службата, состаноците и организацијата на Јеховините сведоци ќе ве охрабри уште потесно да се поврзете со нив во обожавањето на Бог. Ве покануваме непосредно да научите нешто за Сведоците така што ќе се поврзете со некое од собранијата на Јеховините сведоци и да ги посетувате нивните состаноци. Тоа многу ќе придонесе за вашето разбирање на Божјата волја во ова време (Тит 2:11-14).
Ако својот живот го прилагодите на библиските мерила во вршење на добри дела, тогаш ќе имате предност да учествувате со Јеховините сведоци во нивните активности. Покрај тоа што ќе уживате во пријатното друштво на заедницата од браќа ширум светот, со радост можете да го очекувате преживувањето на крајот на овој систем и влегувањето во нов систем во кој ќе живеат мирот и праведноста (2. Петрово 3:13).
[Слики на страници 30 и 31]
Сцени од 18 од преку 200 земји и острови каде што Јеховините сведоци обединето ја вршат Божјата волја
Нигерија
Австрија
Бразил
Јапонија
Канада
Гватемала
Аргентина
Германија
Тајван
Финска
Јужна Африка
Индија
САД
Фиџи
Чиле
Италија
Боливија
Филипини