ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lff лекција 41
  • Што вели Библијата за сексот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што вели Библијата за сексот?
  • Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
  • ШТО НАУЧИ:
  • ИСТРАЖУВАЈ
  • „Бегајте од блуд!“
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • „Бегајте од блуд“
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Предбрачен секс
    Разбудете се! 2013
  • Дали оралниот секс навистина е секс?
    Младите прашуваат
Повеќе
Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
lff лекција 41
Лекција 41. Маж и жена се држат за рака.

ЛЕКЦИЈА 41

Што вели Библијата за сексот?

Печатено издание
Печатено издание
Печатено издание

На многу луѓе им е непријатно да зборуваат за секс. Меѓутоа, Библијата зборува на оваа тема на отворен, но сепак достоинствен начин. Она што таа го вели може многу да ни користи. Ова не нѐ изненадува бидејќи авторот на Библијата е Јехова, нашиот Творец. Тој знае што е најдобро за нас. Бог ни кажува кои постапки се исправни во негови очи и што може да ни помогне да му се радуваме на животот засекогаш.

1. Кое е Јеховиното гледиште за сексот?

Сексуалните односи се дар од Јехова. Тој сака во овој дар да уживаат маж и жена кои се во брак. Сексуалните односи им овозможуваат на брачните парови не само да имаат деца туку и да си изразуваат љубов и нежност на начин кој им причинува задоволство. Затоа Божјата Реч вели: „Радувај се со жената на својата младост“ (Изреки 5:18, 19). Јехова очекува од христијаните кои се во брак да му бидат верни на својот брачен другар. Затоа, тие внимаваат никогаш да не направат прељуба. (Прочитај Евреите 13:4.)

2. Што е сексуален неморал?

Во Библијата пишува дека оние што прават блуд „нема да го наследат Божјето царство“ (1. Коринќаните 6:9, 10). Во библиските книги кои се пишувани на грчки, за блуд, односно сексуален неморал, се користи зборот порниа. Тој збор се однесува на 1) сексуални односи помеѓу лица кои не се во брак,a 2) хомосексуалност и 3) сексуални односи со животни. За наше добро е да се чуваме од сексуален неморал, а што е уште поважно, со тоа го радуваме Јехова (1. Солуњаните 4:3).

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш како можеш да се чуваш од сексуален неморал и како ќе ти користи тоа што ќе останеш чист во морален поглед.

Јосиф бега од жената на Петефри. Таа ја држи во рака неговата облека.

3. Бегај од сексуален неморал

Еден верен човек по име Јосиф се спротивставил на искушението да направи сексуален неморал. Прочитај 1. Мојсеева 39:1-12, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Што го поттикнало Јосиф да побегне? (Види го стих 9.)

  • Што мислиш, дали Јосиф донел исправна одлука? Зошто мислиш така?

Како можат младите денес да се угледаат на Јосиф и да бегаат од сексуален неморал? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

ВИДЕОКЛИП: Бегај од блуд (5:06)

Јехова сака секој од нас да се чува од сексуален неморал. Прочитај 1. Коринќаните 6:18, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Кои ситуации би можеле да водат до тоа некој да направи сексуален неморал?

  • Што можеш да правиш ти за да не паднеш во замката на неморалот?

4. Можеш да се спротивставиш на искушението

Зошто може да биде тешко да одолееме на искушението да направиме сексуален неморал? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

ВИДЕОКЛИП: Читањето на Библијата може да ти помогне да се бориш со искушенијата (3:02)

  • Што направи братот кога сфати дека неговите мисли и постапки би можеле да го наведат да ја изневери својата жена?

Дури и христијаните што верно му служат на Бог понекогаш мора да се борат за да задржат чисти мисли. Што може да ти помогне да не размислуваш за неморални работи? Прочитај Филипјаните 4:8, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • За што треба да размислуваме?

  • Како тоа што ќе ја читаме Библијата и ќе бидеме зафатени во службата за Јехова може да ни помогне да не направиме грев?

5. Јеховините мерила се за наше добро

Јехова знае што е најдобро за нас. Тој ни кажува како можеме да останеме чисти во морален поглед и како тоа ќе ни користи. Прочитај Изреки 7:7-27 или пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:

ВИДЕОКЛИП: Немој да постапуваш неразумно (9:32)

  • Како овој младич се доведе во искушение? (Види во Изреки 7:8, 9.)

  • Според Изреки 7:23, 26, неморалното однесување води до сериозни последици. Какви проблеми ќе избегнеме ако останеме чисти во морален поглед?

  • Како тоа што ќе останеме морално чисти ќе ни помогне да му се радуваме на животот засекогаш?

Некои луѓе мислат дека она што Библијата го вели за хомосексуалноста е бесчувствително. Но, Јехова е полн со љубов и сака сите луѓе да бидат среќни засекогаш. Меѓутоа, за да живееме вечно, мора да постапуваме во склад со Божјите мерила. Прочитај 1. Коринќаните 6:9-11, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Според Бог, дали хомосексуалните желби се единствените неисправни желби?

За да му угодиме на Бог, сите ние треба да правиме промени. Дали вреди тој труд? Прочитај Псалм 19:8, 11, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Дали сметаш дека Јеховините морални мерила се разумни? Зошто мислиш така?

Слики: 1. Една несреќна девојка седи до својот дечко. Таа пие и пуши заедно со пријателите во еден ноќен клуб. 2. Истата девојка весело разговара со некои сестри во салата на Јеховините сведоци.

Јехова им помогнал на многумина да почнат да живеат според неговите морални мерила. Тој може да ти помогне и тебе

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Ако двајца се сакаат, нема ништо лошо во тоа да имаат сексуални односи“.

  • Што би рекол ти?

ШТО НАУЧИ:

Сексуалните односи се дар од Јехова во кој може да уживаат маж и жена кои се во брак.

Како би одговорил?

  • Што спаѓа во сексуален неморал?

  • Што ќе ни помогне да се чуваме од сексуален неморал?

  • Како ни користат Јеховините морални мерила?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Дознај зошто на Бог му е важно еден маж и една жена кои живеат заедно да бидат венчани.

„Што вели Библијата за заедничкиот живот пред брак?“ (Статија на интернет)

Дали тоа што Библијата ги осудува хомосексуалните постапки значи дека таа поттикнува на омраза кон хомосексуалците?

„Дали хомосексуалноста е нешто погрешно?“ (Статија на интернет)

Дознај како нѐ штитат Божјите закони во врска со сексуалните односи.

„Дали оралниот секс навистина е секс?“ (Статија на интернет)

Во животната приказна со наслов „Се однесуваа со мене со почит“ прочитај што поттикнало еден хомосексуалец да го промени својот начин на живот за да му угоди на Бог.

„Библијата менува животи“ (Стражарска кула од 1 април 2011)

a Тоа вклучува сексуален однос, орален секс, анален секс и допирање на половите органи на некое лице за да се постигне сексуално задоволство.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели