22 март 2008 — ден што треба да се памети
Вечерта пред да умре, Исус им подал на своите апостоли еден бесквасен леб и една чаша вино и им рекол да јадат и да пијат од нив. Исто така, им рекол: „Правете го ова за мој спомен“ (Лука 22:19).
Оваа година, овој настан ќе го одбележиме во сабота, на 22 март, по зајдисонце. Јеховините сведоци низ целиот свет ќе се соберат на оваа посебна вечер за да ја одржат Спомен-свеченоста така како што заповедал Исус. Срдечно те покануваме да дојдеш и ти. Те молиме, прашај некој Јеховин сведок во колку часот и каде ќе се одржи оваа свеченост.