ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/8 стр. 5-6
  • Денешните тешки времиња

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Денешните тешки времиња
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Од каде знаеме дека живееме во „последните денови“?
    Одговор на библиски прашања
  • Дали живееме во „последните денови“?
    Што навистина учи Библијата?
  • Дали навистина живееме во „последните денови“?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Библијата — книга со точни пророштва — дел 6
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/8 стр. 5-6

Денешните тешки времиња

БИБЛИЈАТА прорекла дека луѓето ќе живеат во „особено тешки времиња“. Тој период е наречен „последните денови“ (2. Тимотеј 3:1-5; 2. Петрово 3:3-7). Исус Христос зборувал за истото тоа време кога одговорил на едно прашање што му го поставиле неговите ученици во врска со „свршетокот на овој поредок“ (Матеј 24:3). Дали денес живееме во последните денови? Спореди го она што е проречено во Библијата со поновите извештаи цитирани подолу, а потоа процени самиот.

Библијата прорекла: воени судири по цел свет (Лука 21:10; Откровение 6:4).

Поновите извештаи велат: „Во 20 век имало трипати повеќе жртви во војните отколку во сите претходни векови заедно, сметајќи од раѓањето на Христос наваму“ (Worldwatch Institute).

Библијата прорекла: глад и болести (Лука 21:11; Откровение 6:5-8).

Поновите извештаи велат: Во 2004 год. е проценето дека 863 милиони луѓе на Земјата биле неисхранети, што е за 7 милиони повеќе од 2003 год. (Организација за храна и земјоделство на Обединетите нации).

Околу 1 милијарда луѓе живеат во сиромашни квартови; 2,6 милијарди луѓе немаат основни хигиенски услови; 1,1 милијарда луѓе немаат чиста вода за пиење (Worldwatch Institute).

Од маларија боледуваат 500 милиони луѓе; 40 милиони луѓе живеат со ХИВ-СИДА; во 2005 год. од туберкулоза умреле 1,6 милиони луѓе (Светска здравствена организација).

Библијата прорекла: уништување на Земјата (Откровение 11:18).

Поновите извештаи велат: „Луѓето ја довеле планетава до работ на масовно истребување на многу животински и растителни видови“. „Во денешно време, екосистемите во светот имаат речиси две третини помала придонес за опстанокот на човекот отколку порано“ (Милениумска проценка на екосистемите).

„Гасовите што создаваат ефект на стаклена градина, а се резултат на човековата активност, ја довеле климата на Земјава до критична точка, со потенцијално опасни последици за целата планета“ (NASA, Goddard Institute for Space Studies).

Библијата прорекла: добрата вест за Божјето Царство ќе се проповеда во целиот свет (Матеј 24:14; Откровение 14:6, 7).

Поновите извештаи велат: Во 2007 год., највисок број од 6.957.854 Јеховини сведоци посветија повеќе од 1,4 милијарди часови за да ја проповедаат добрата вест за Божјето Царство во 236 земји (Годишник на Јеховините сведоци за 2008, српско издание).

Како што може да се види, Библијата прорекла дека меѓу сите лоши вести ќе се најде и причина за оптимизам. Исус зборувал за ‚добрата вест‘ за Божјето Царство. Што е Божјето Царство? Каква врска има тоа со надежта во една подобра иднина? И како ќе влијае врз тебе Божјето Царство?

[Истакната мисла на страница 5]

Библијата ги прорекла условите во светот што ги гледаме денес

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели