Исус го даде животот за мнозина
Исус им рекол на своите следбеници дека не дошол на Земјата „да му служат, туку да служи и да го даде својот живот како откупнина за мнозина“ (Матеј 20:28). Тој спремно го дал својот живот за другите.
На кој начин смртта на Исус послужила како откупнина? Зошто била потребна откупнина? За кого го дал Исус својот живот? И што може да значи за тебе неговата смрт?
Јеховините сведоци срдечно те покануваат да ги разгледаш заедно со нив библиските одговори на овие прашања. Оваа година, годишнината од смртта на Исус ќе се одбележи по зајдисонце во вторник, на 30 март. Тогаш ќе бидат изнесени библиските одговори на овие прашања.
Можеш да појдеш во најблиската Сала на Царството. Информирај се кај Јеховините сведоци во колку часот и каде ќе се одржи оваа свеченост.