ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 15/4 стр. 12
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Сличен материјал
  • „Праведниците ќе светат како сонце“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • „Еве, јас сум со вас во сите денови“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Споредбата за пченицата и каколот
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
  • Една вистинска христијанска вера — реалност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 15/4 стр. 12

Се сеќаваш ли?

Уживаше ли во читањето на последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

• Зошто Месијата морал да умре?

Со својата смрт, Исус докажал дека еден совршен човек може да му остане оддаден на Бог и покрај најстрашните неволји. Исто така, ја платил казната за гревот што го наследиле потомците на Адам, и им овозможил вечен живот (15/12, страници 22-23).

• Што може да му помогне на некого да има исправен став кон алкохолот?

Молитвата и проучувањето на Библијата можат да бидат од помош. Многу е важно човек да покажува самосовладување, да се држи за својата одлука да не пие и да се дружи со пријатели што позитивно ќе влијаат на него. Оној што ќе реши да пие алкохол мора да си постави јасни граници и да научи да рече ‚не‘ (1/1, страници 7-9).

• Што значи да имаш смисловна комуникација со своите деца?

Тоа не значи само ти да зборуваш, туку треба да им поставуваш прашања и стрпливо да ги слушаш кога одговараат. Многу семејства увиделе дека можат да водат пријатни разговори за време на заедничките оброци (15/1, страници 18-19).

• Јехова е совршен. Тогаш, во која смисла може да зажали за нешто?

Понекогаш, Бог може да го смени својот став кон луѓето. На пример, Израелците повеќепати го оставале Јехова и почнувале да им служат на други богови. Тогаш тој престанувал да ги штити. Но, кога Израелците ќе се покаеле за своите грешки и ќе побарале помош од Бог, тој го менувал своето мислење, односно ‚се сожалувал на нив‘ (Суд. 2:18; 1/2, страница 21).

• Од кои причини можеби некој ќе размисли дали ќе треба повторно да се крсти?

Тоа би било случај доколку, кога некој се крстил, тајно живеел на неисправен начин или правел нешто поради кое би бил исклучен доколку веќе бил крстен Сведок (15/2, страница 22).

• Кои три изговори најчесто ги користат луѓето за да го оправдаат крадењето?

Едни мислат дека е оправдано да крадат бидејќи се сиромашни. Други си наоѓаат изговор така што велат: „Сите го прават тоа“. А некои, пак, што нашле нешто вредно, си го зеле водејќи се по мислата: „Кој си го најде, негово е“. Библијата не ги оправдува таквите изговори (1/3, страници 12-14).

• Во споредбата што ја кажал Исус за пченицата и каколот, што претставува сеењето на доброто семе?

Синот човечки, односно Исус, ја подготвил нивата за сеење во текот на својата служба на Земјата. Од Педесетница 33 год. од н.е. наваму, доброто семе било посеано кога христијаните биле помазани како Божји синови, односно, како синови на Царството (15/3, страница 20).

• На кој начин симболичната пченица од споредбата што ја кажал Исус се собира во Јеховиниот амбар? (Мат. 13:30).

Исполнувањето на оваа споредба трае одреден период во текот на „свршетокот на овој поредок“. Помазаните синови на Царството, односно, симболичната пченица, се собираат во Јеховиниот амбар кога стануваат дел од обновеното христијанско собрание или кога ја добиваат својата небесна награда (15/3, страница 22).

• Кој го утврдил канонството на книгите што ги сочинуваат Христијанските грчки списи?

Тоа не го утврдил некој црковен концил или некој верски водач. Напротив, вистинските христијани, под водство на Божјиот свет дух, ги признале списите што навистина биле вдахновени. Ова е во склад со фактот дека еден од чудотворните дарови на духот што биле дадени во првите децении на христијанското собрание бил ‚способноста за разликување на вдахновени објави‘ (1. Кор. 12:4, 10; 1/4, страница 28).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели