ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 15/7 стр. 32
  • Тие ја искористиле можноста — а ти?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тие ја искористиле можноста — а ти?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Сличен материјал
  • Дали си добар соработник?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Да бидеме радосни жетвари!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Проповедај ја добрата вест насекаде
    Нашата служба за Царството 1996
  • Нашироко дистрибуирај ја Веста за Царството бр. 35
    Нашата служба за Царството 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 15/7 стр. 32

Тие ја искористиле можноста — а ти?

ДАЛИ ја користиш секоја можност да проповедаш на твоето собраниско подрачје, дури и кога неочекувано ќе ти се укаже таква прилика? Нашите сохристијани во историскиот пристанишен град Турку (Финска), искористиле една таква можност и имале добри резултати.

Пред извесно време, браќата во Турку забележале дека во градот дошла група Азијци за да ја довршат работата на еден голем брод за крстосување во тамошното бродоградилиште. Подоцна еден брат се распрашал во кои хотели се сместени овие работници, а дознал и дека рано наутро се качуваат на автобуси кои ги носат од нивните хотели до пристаништето. Тој веднаш им ја доставил информацијата на браќата во собранието на англиски јазик во Турку.

Старешините во тоа собрание сфатиле дека ова е неочекувана, но одлична прилика да ја споделат пораката за Царството со толку многу странци, и веднаш организирале посебна акција за проповедање. Во неделата, истата таа седмица, десет објавители се собрале во близина на автобуската постојка во 7 часот наутро. Во почетокот, немало ниту еден работник. ‚Да не задоцнивме?‘, се прашувале браќата. ‚Да не си заминаа од Турку?‘ Но тогаш, од зад аголот се појавил еден маж во работничка облека. По него дошол уште еден, па друг, па трет, и за кратко време цел куп работници чекале на постојката. Објавителите веднаш почнале да им проповедаат, и им понудиле публикации на англиски јазик. За среќа, поминал цел час додека сите работници се качиле во автобусите, и така браќата имале доволно време за да позборуваат со повеќето од нив. Кога автобусите заминале, работниците понеле со себе 126 брошури и 329 списанија!

Охрабрени од ваквиот добар резултат, браќата решиле да ја повторат акцијата и следната седмица, кога имале посета од покраински надгледник. Еден дождлив ден, во шест и пол наутро, покраинскиот надгледник го одржал состанокот за проповедање и 24 објавители тргнале кон автобуската постојка. Овој пат со себе имале и литература на тагалог бидејќи разбрале дека многу од странците се од Филипините. Тоа утро, кога автобусите заминале кон пристаништето, работниците имале земено 7 книги, 69 брошури и 479 списанија. Замисли колку биле возбудени и колку се радувале браќата и сестрите што учествувале во акцијата!

Пред работниците да се вратат во своите земји, браќата успеале да посетат неколкумина од нив во хотелите каде што биле сместени и подетално да им ја објаснат пораката за Царството. Некои работници рекле дека и порано имале контакт со Сведоци во други делови од светот. Тие биле благодарни што браќата се потрудиле да разговараат со нив додека престојувале во Финска.

Дали и ти ги користиш приликите што можеби неочекувано ќе ти се укажат на твоето собраниско подрачје? Дали се трудиш да разговараш со луѓе од различни националности? На тој начин и ти можеш да доживееш нешто слично на она што го доживеале нашите браќа во Турку.

[Карта/слика на страница 32]

(Види во публикацијата)

ФИНСКА

ХЕЛСИНКИ

Турку

[Извор на слика]

STX Europe

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели