ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 15/1 стр. 7-8
  • Името во долината

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Името во долината
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • Остани во „долината меѓу горите“
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2017)
  • Животот во долината на смртта
    Разбудете се! 2006
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Остани во долината на Јеховината заштита
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 15/1 стр. 7-8

Името во долината

ДАЛИ името Сент Мориц ти звучи познато? Можеби да, бидејќи тоа е прочуено светско одморалиште во Енгадинската долина во Швајцарија. Но, Сент Мориц е само едно од местата што со децении ги привлекуваат луѓето во оваа живописна долина вгнездена во снежните Алпи, во југоисточниот дел на Швајцарија, близу до границата со Италија. Во неа се наоѓа и Швајцарскиот национален парк, чија природна убавина и богата разноликост на флора и фауна му оддава чест на нашиот Величествен Творец, Јехова (Пс. 148:7-10). Но, чест му оддаваат и многуте неми сведоци на една стара традиција од средината на 17 век.

Веројатно ќе ти падне во очи еден необичен детаљ кој се среќава на повеќе места во оваа долина — Божјето име, врежано на предниот ѕид од куќите како, на пример, над влезната врата. Во минатите векови било вообичаено фасадата на куќите да се украсува со натписи, кои биле испишани на неа, издлабени во малтерот или врежани во камен. На оваа слика се гледа куќа во селото Бевер. Преводот на овој стар натпис гласи: „Година 1715. Јехова е почетокот и Јехова е крајот. Сѐ е возможно со Бог, и ништо не е можно без него“. Овде двапати е спомнато Божјето лично име.

Во селото Мадулајн има еден уште постар натпис. Во него стои: „Псалм 127. Ако Јехова не ја гради куќата, залудно се трудат нејзините градители. Лукиус Румедиус. Година 1654“.

Зошто Божјето име било толку јавно истакнувано во оваа долина? За време на реформацијата, Библијата била отпечатена на романш, еден јазик со латинско потекло кој се зборувал во Енгадин. Всушност, тоа била првата книга преведена на тој јазик. Трогнати од она што го читале во Божјата Реч, мнозина од мештаните ги напишале на фасадите од куќите не само своите имиња туку и цитати од Библијата во кои стоело Божјето лично име.

Да, овие натписи го објавуваат и го слават името Јехова до ден-денес, со векови откако биле испишани на куќите. И посетителите и жителите на оваа долина можат да дознаат повеќе за прекрасниот Бог, Јехова, со тоа што ќе дојдат во една друга градба која исто така го носи Јеховиното име — во Салата на Царството на Јеховините сведоци во Бевер.

[Извор на слика на страница 7]

© Stähli Rolf A/age fotostock

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели