ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 1/12 стр. 26
  • „Свет, свет, свет е Јехова“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Свет, свет, свет е Јехова“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • Јехова Бог е во својот свет храм
    Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
  • „Свет, свет, свет е Јехова“
    Приближи му се на Јехова
  • ‚Јас, Јехова, вашиот Бог, сум свет‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • „Бидете свети“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 1/12 стр. 26

Приближи му се на Бог

„Свет, свет, свет е Јехова“

АКО треба со еден збор да го опишеш Јехова Бог — каква личност е и кои се неговите карактеристики — кој збор би го употребил? Во осмиот век пр.н.е., пророкот Исаија имал видение во кое слушнал како некои духовни суштества го возвишувале Јехова. Тие употребиле збор што опишува едно главно обележје на неговата личност — светоста. Она што го видел и чул Исаија треба да нѐ исполни со страхопочит и да нѐ зближи со Јехова. Додека ги разгледуваме зборовите од Исаија 6:1-3, замисли си дека си во тоа време и на тоа место.

Што видел Исаија? „Го видов Јехова како седи на висок и возвишен престол“, рекол тој (стих 1). Со дословните очи не можеме да видиме што има во духовниот свет. Библијата јасно вели: „Ниту еден човек никогаш не го видел Бог“ (Јован 1:18). Она што го видел Исаија било видение.a Сепак, видението било толку живописно и реално што Исаија бил исполнет со восхит и имал чувство како навистина да го гледа Јехова.

Потоа Исаија забележал нешто што на ниеден човек никогаш не му било откриено во видение. Тој напишал: „Над [Јехова] стоеја серафими. Секој имаше по шест крилја. Со две си го покриваше лицето, со две си ги покриваше нозете, а со две леташе“ (стих 2). Серафимите се духовни суштества на многу висока положба. Исаија е единствениот библиски писател што ги спомнал. Тие се спремни во секој момент да го направат она што Бог ќе го побара од нив. Серафимите си ги покриваат лицето и нозете во знак на длабока почит кон Оној во чие присуство имаат чест да служат.

Исаија бил исполнет со страхопочит не само од она што го видел туку и од она што го чул. Во еден хор, серафимите почнале да пеат. Исаија запишал: „И си велеа еден на друг: ‚Свет, свет, свет е Јехова над војските‘“ (стих 3). Хебрејскиот збор преведен со „свет“ означува чистота и неизвалканост. Ја пренесува и мислата „за целосна одвоеност од сѐ што е грешно“. Во едно антифонално пеење, серафимите го извикувале зборот „свет“ трипати, со што нагласиле дека Јехова е свет до највисок можен степен (Откровение 4:8). Значи, светоста е главна одлика на неговата личност. Јехова е апсолутно чист, беспрекорен и совршен.

Тоа што сме свесни дека Јехова е свет треба да нѐ поттикне да му се приближиме. Зошто? За разлика од човечките владетели кои може да станат корумпирани и да ја злоупотребат својата положба, Јехова нема никаква врска со гревот. Неговата светост ни гарантира дека тој секогаш ќе биде совршен Татко, праведен Владетел и непристрасен Судија. Можеме да бидеме потполно уверени дека Бог, кој е апсолутно свет, никогаш нема да нѐ разочара.

Читање на Библијата во декември:

◼ Исаија 1-23

[Фуснота]

a Во книгата Увид во Светото писмо (англ.) пишува: „Кога еден човек ќе добиел видение од Бог додека бил во будна состојба, тоа силно се врежувало во неговиот ум. Подоцна можел да се сети на она што го видел и да го опише или да го запише со свои зборови“. (Оваа книга е издадена од Јеховините сведоци.)

[Истакната мисла на страница 26]

Тоа што сме свесни дека Јехова е свет треба да нѐ поттикне да му се приближиме

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели