ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 15/11 стр. 31-32
  • „Секаде си ја носев куќичката со мене“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Секаде си ја носев куќичката со мене“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 15/11 стр. 31-32

ОД НАШАТА АРХИВА

„Секаде си ја носев куќичката со мене“

ВО ТЕКОТ на август и септември 1929 год., повеќе од 10.000 објавители учествувале во една деветдневна проповедничка акција во САД, во која раздале околу 250.000 книги и брошури. Меѓу овие објавители имало околу илјада колпортери. Во Билтенот (кој сега се нарекува Нашата служба за Царството) пишувало дека тоа е „речиси неверојатен“ пораст во бројот на пионери. Всушност, во 1929 год., трипати повеќе објавители учествувале во оваа служба отколку во 1927 год.

При крајот на 1929 год., светот го зафатила огромна економска криза. Падот на берзата во Њујорк на 29 октомври 1929 год. — ден кој подоцна бил наречен Црн вторник — го турнал меѓународниот финансиски систем во Големата економска криза, позната и како Големата депресија. Илјадници банки прогласиле банкрот. Повеќето фарми и големи фабрики биле затворени. Милиони луѓе останале без работа. Во 1933 год., секој ден илјадници луѓе во САД ги губеле своите домови.

Како можеле полновремените проповедници да се справат со таквата криза? Едно решение било „куќа на тркала“. Бидејќи за ваквите „куќи“ не морале да плаќаат ни кирија ни данок, пионерите можеле да продолжат да ја вршат службата со најмал можен трошок.a А кога имало конгреси, овие подвижни домови им служеле како бесплатни хотелски соби. Во 1934 год., во Билтенот излегле детални планови за тоа како да се направат вакви мали, но удобни живеалишта, во кои имало резервоар за вода, шпорет, кревет на расклопување, како и топлотна изолација.

Снаодливите објавители во разни делови на светот почнале да си прават „куќи на тркала“. „Ное немал никакво искуство со бродоградба“, рекол Виктор Блеквел, „а и јас немав ни знаење ни вештина за да направам ‚подвижна куќа‘.“ Сепак, се фатил за работа, и успеал да ја направи.

„Куќа на тркала“ качена на сплав за да биде префрлена преку реката во периодот на монсунските дождови во Индија

Ејвери и Ловенија Бристоу исто така имале „куќа на тркала“. Ејвери рекол: „Бев како полжав — секаде си ја носев куќичката со мене“. Оваа брачна двојка служела заедно со Харви и Ен Конроу, чиј подвижен дом имал ѕидови обложени со тер-хартија (црна хартија за изолација премачкана со катран). Секогаш кога се селеле од едно место на друго, паѓале парчиња од хартијата. Ејвери изјавил: „Никој дотогаш не видел ниту пак ќе види таква куќа на тркала!“ Сепак, рекол дека Харви и Ен, заедно со нивните два сина, биле „најсреќното семејство на светот“. Харви Конроу напишал: „Ништо не ни недостигаше и се чувствувавме сосема безбедни во службата за Јехова бидејќи тој со љубов се грижеше за нас“. Подоцна, сите четворица од семејството Конроу присуствувале на Школата Гилеад и биле испратени да служат како мисионери во Перу.

Џусто и Винченца Батаино исто така биле пионери. Кога дознале дека ќе имаат бебе, го претвориле својот камионет во куќичка што „личела на хотел“ во споредба со шаторите во кои живееле пред тоа. Заедно со својата ќеркичка, тие продолжиле со службата која многу ја сакале, проповедајќи им на италијанските доселеници во САД.

Добрата вест наишла на одличен прием, но сиромашните луѓе кои останале без работа не можеле да даваат парични прилози за библиската литература. Наместо тоа, во замена за публикациите, тие давале најразлични производи. Две пионерки направиле список со 64 производи што ги добиле од заинтересираните лица. Списокот личел на „попис на продукти од селска продавница“.

Фред Андерсон му сведочел на еден фармер кој сакал да земе комплет наши книги, а во замена му дал еден пар очила кои порано ги користела мајка му. И сопственикот на следната фарма сакал да земе литература, но рекол: „Не можам да читам бидејќи немам очила“. Сепак, кога ги ставил очилата што Фред ги добил од неговиот сосед, можел добро да гледа, и со радост му дал прилог и за нив и за книгите.

Херберт Абот си носел кафез за кокошки во колата. Откако ќе добиел три-четири кокошки во замена за публикациите, ги носел на пазар, ги продавал и ставал бензин во колата. „Дали понекогаш останувавме без пари? Се разбира“, напишал тој. „Но, не се откажувавме поради тоа. Ако имавме бензин во колата, продолжувавме понатаму со целосна доверба во Јехова.“

Таквата доверба во Јехова и цврстата решеност им помогнала на овие браќа да ги пребродат тие тешки години. За време на една бура, Максвел и Еми Луис успеале да побегнат од својот подвижен дом токму пред да падне едно дрво врз него. Максвел напишал: „Ваквите незгоди не претставуваа никаква пречка за нас. Никогаш не помисливме да се откажеме. Имаше уште многу работа, и бевме решени да ја извршиме“. Без колебање и со помош на своите грижливи пријатели, Максвел и Еми успеале повторно да си направат „куќа на тркала“.

И во нашиве особено тешки времиња, милиони ревносни Сведоци на Јехова покажуваат слична самопожртвуваност. Исто како и тие први пионери, ние сме решени да продолжиме да проповедаме сѐ додека Јехова не каже дека делото е завршено.

a Во тоа време, повеќето пионери немале световна работа. Добивале библиска литература по пониска цена и ги користеле прилозите што им ги давале луѓето за да ги покријат своите скромни животни трошоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели