ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w17 Октомври стр. 31
  • Еден гест на добрина што не се заборава

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Еден гест на добрина што не се заборава
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Сличен материјал
  • Поуки од ученикот кого Исус особено го сакал
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Дали на Јован му недостига вера?
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Јован ги испратил учениците кај Исус
    Исус — патот, вистината и животот
  • Го издржала остриот бодеж на тагата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
w17 Октомври стр. 31
Џон ја прима брошурата „Оваа добра вест за Царството“ од еден Јеховин сведок

Еден гест на добрина што не се заборава

ВО ЕДЕН мал град во Гуџарат (Индија), таткото на Џон станал Јеховин сведок при крајот на 1950-тите. Но Џон, кој тогаш имал 13 години, како и неговите двајца браќа, трите сестри и мајка му, биле многу ревни католици. Затоа, му се противеле на таткото.

Во една прилика, татко му на Џон побарал од него да му однесе плик на еден брат од собранието. Но, тоа утро Џон си го исекол прстот додека отворал едно големо лимено буре. Сепак, бидејќи сакал да го послуша татко му, си го заврзал повредениот прст со крпче и отишол да го однесе пликот.

Кога Џон пристигнал на адресата каде што живеел братот, пликот го зела сопругата која исто така била Јеховин сведок. Таа забележала дека Џон е повреден и рекла дека ќе му помогне. Ја зела својата кутија за прва помош, му ја исчистила раната и му го преврзала прстот. Потоа му направила чај. За сето тоа време, таа пријателски разговарала со него за Библијата.

Поради нејзината добрина, предрасудите на Џон кон Сведоците почнале да се рушат. Затоа, тој ѝ поставил две прашања во врска со верувањата на Јеховините сведоци кои се разликуваат од оние на Католичката црква. Ја прашал дали Исус е Бог и дали христијаните треба да ѝ се молат на Марија. Сестрата го имала научено јазикот гуџарати и затоа можела да му одговори на Џон користејќи Библија на неговиот јазик. Освен тоа, му ја дала брошурата Оваа добра вест за Царствотоa која исто така била на тој јазик.

Подоцна, кога Џон ја прочитал брошурата, сфатил дека тоа е вистината. Тој отишол кај својот свештеник и му ги поставил истите две прашања. Свештеникот многу се разлутил и фрлил Библија кон него, извикувајќи: „Ти си станал Сатана! Покажи ми каде во Библијата пишува дека Исус не е Бог. Покажи ми каде пишува дека не треба да ѝ се молиме на Марија. Покажи ми!“ Џон толку се запрепастил од реакцијата на свештеникот што му кажал: „Никогаш повеќе нема да стапнам во католичка црква“. И навистина било така.

Џон почнал да проучува со Сведоците, ја прифатил вистината и почнал да му служи на Јехова. Со текот на времето, уште неколку членови од семејството го направиле истото. Иако оттогаш поминале веќе 60 години, лузната на прстот сѐ уште го потсетува на гестот на добрина кој го поттикнал цел живот да му служи на Јехова (2. Кор. 6:4, 6).

a Оваа брошура ја нема на македонски.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели