ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w19 Декември стр. 15
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Сличен материјал
  • Каков бил животот во рајот?
    Запознај го Бог и живеј засекогаш
  • Живот после смртта — што веруваат луѓето?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Побуна во духовниот свет
    Духови на мртвите — дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат?
  • Дали имаме бесмртна душа?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
w19 Декември стр. 15

Прашања од читателите

Кога ѝ кажал на Ева дека нема да умре доколку јаде од дрвото на познавањето на доброто и злото, дали Сатана сакал да ја наведе да верува во бесмртност на душата, како што веруваат многу луѓе денес?

Сатана ја искушува Ева зборувајќи преку една змија

По сѐ изгледа не. Зошто може да го кажеме тоа? Ѓаволот не ѝ рекол на Ева дека, ако јаде од плодот што го забранил Бог, ќе умре само нејзиното тело, а нејзината душа ќе продолжи да живее на друго место. Зборувајќи преку змијата, Сатана тврдел дека Ева сигурно нема да умре ако јаде од плодот на тоа дрво. Тој сакал да каже дека таа ќе продолжи да живее, дека ќе има поубав живот на Земјата и дека ќе биде независна од Бог (1. Мој. 2:17; 3:3-5).

Ако лажното верување за бесмртност на душата не потекнува од рајската градина, тогаш кога се појавило? Не можеме да кажеме со сигурност. Но знаеме дека сите лажни учења биле отстранети во Потопот од времето на Ное. Ниту едно лажно религиозно учење не останало по Потопот бидејќи преживеале само Ное и неговото семејство — а сите тие му служеле на Јехова.

Значи, учењето за бесмртност на душата сигурно се појавило по Потопот. А како се раширило ова учење? Кога Бог ги помешал јазиците во Вавилон и луѓето се расеале “по целата земја“, тие без сомнение го рашириле верувањето во бесмртност на душата (1. Мој. 11:8, 9). Без оглед на тоа од кога потекнува ова лажно учење, можеме да бидеме сигурни дека зад него стои Сатана Ѓаволот, кој е „татко на лагата“, и кој со задоволство гледал како тоа се шири насекаде (Јован 8:44).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели