ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp20 Бр. 2 стр. 8-10
  • Кога Божјето Царство ќе почне да владее со Земјата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога Божјето Царство ќе почне да владее со Земјата?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • КОИ НАСТАНИ ГИ ПРОРЕКОЛ ИСУС?
  • ЗОШТО Е ВАЖНО ДА ОБРНЕМЕ ВНИМАНИЕ НА ЗНАКОТ?
  • ”Крајот на светот“ е близу!
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Дали живееме во „последните денови“?
    Што навистина учи Библијата?
  • Од каде знаеме дека Армагедон е близу
    Учи од Големиот Учител
  • Рајот е близу!
    Ти можеш да бидеш Божји пријател!
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
wp20 Бр. 2 стр. 8-10
Еден Јеховин сведок ѝ дава покана на една жена која застанала кај количка за сведочење.

Кога Божјето Царство ќе почне да владее со Земјата?

Некои од верните ученици на Исус сакале да дознаат кога Божјето Царство ќе почне да владее. Но, Исус им го рекол следново: „Не е ваше да ги знаете времињата или раздобјата што Таткото ги има под своја власт“ (Дела 1:6, 7). Сепак, тој претходно им кажал дека, кога одредени настани ќе се случуваат истовремено, тоа ќе било знак дека „Божјето царство е близу“, односно дека се приближило времето тоа да почне да владее со светот (Лука 21:31).

КОИ НАСТАНИ ГИ ПРОРЕКОЛ ИСУС?

Исус рекол: „Ќе се крене народ против народ и царство против царство. И ќе има силни земјотреси, а на разни места ќе има смртоносни зарази и глад“ (Лука 21:10, 11). Исто како што линиите на прстот се дел од еден уникатен отпечаток, кој укажува само на една личност, така и сите овие настани кои се случуваат истовремено се дел од еден јасен знак кој укажува дека „Божјето царство е близу“. Дали низ светот се случуваат сите овие настани? Да видиме што покажуваат фактите.

1. ВОЈНИ

Воени авиони, тенк и ракети.

Во 1914 год. избувнала војна од невидени размери — војна во која страдале огромен број луѓе и во која биле вклучени многу земји. Историчарите честопати велат дека оваа година била пресвртница во човечката историја, бидејќи тогаш за првпат започнала светска војна. Како никогаш порано биле користени тенкови, воздушни бомби, автоматски пушки, отровен гас и друго смртоносно оружје. По неа следела Втората светска војна, во која за првпат се употребило атомско оружје. Од 1914 год. па наваму, се водат војни на разни места, и во нив загинале милиони луѓе.

2. ЗЕМЈОТРЕСИ

Распукани згради од земјотрес.

Во една енциклопедија пишува дека секоја година има околу 100 земјотреси кои се доволно силни за да предизвикаат значајна штета (Britannica Academic). Исто така, во еден извештај од Геолошкиот завод на САД стои: „Според податоците од нашата архива (кои датираат од околу 1900 год.), очекуваме околу 16 големи земјотреси секоја година“. Иако некои можеби сметаат дека порастот во бројот на земјотресите се должи на тоа што денес постојат подобри уреди за регистрирање на земјотреси, факт е дека силните земјотреси кои се случуваат низ целиот свет предизвикуваат страдања и смрт во невидени размери.

3. ГЛАД

Графикон на кој е прикажано опаѓање на производството на жито.

Причини за гладот во светот се војните, корупцијата, економските проблеми, лошото управување во областа на земјоделството, како и недоволното планирање во случај на екстремни временски услови. Во годишниот извештај за 2018 год. на Светската програма за храна пишува: „Во светот има 821 милион луѓе кои немаат доволно храна, а од нив 124 милиони луѓе хронично гладуваат“. Секоја година од неисхранетост умираат околу 3,1 милион деца. Во 2011 год. неисхранетоста беше причина за околу 45 отсто од вкупниот број на смртни случаи кај децата.

4. БОЛЕСТИ И ЕПИДЕМИИ

Симболи за биохемиски опасности и бактерии.

Во една публикација издадена од Светската здравствена организација стои: „Уште од почетокот на 21-от век беа забележани големи епидемии. Повторно се појавуваат болестите кои постоеле во минатото, како што се колера, чума и жолта треска. А се појавуваат и нови болести, како на пример, сарс, пандемски грип, блискоисточен респираторен синдром (МЕРС), ебола и зика.“ Последна беше пандемијата со КОВИД-19. Иако научниците и лекарите откриле многу работи за болестите, тие не успеале да најдат лек за сите болести.

5. МЕЃУНАРОДНО ПРОПОВЕДНИЧКО ДЕЛО

Планетата Земја околу која е нацртана една стрелка и отворена Библија до неа.

Исус истакнал уште едно обележје на знакот кога прорекол: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14). Додека светот се соочува со големи проблеми, преку осум милиони луѓе од сите народи ја шират добрата вест за Божјето Царство во 240 земји, и тоа на повеќе од 1.000 јазици. Никогаш претходно во историјата не се случило такво нешто.

ЗОШТО Е ВАЖНО ДА ОБРНЕМЕ ВНИМАНИЕ НА ЗНАКОТ?

Настаните кои се дел од знакот што Исус го дал се случуваат денес. Зошто треба да обрнеме внимание на овој факт? Бидејќи Исус рекол: „Кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека Божјето царство е близу!“ (Лука 21:31).

Исус седи на својот престол на небото и владее како Цар над рајската Земја.

Наскоро, под власта на Божјето Царство, Божјата волја ќе се врши на Земјата

Знакот што Исус го дал, како и библиската хронологија ни помагаат да сфатиме дека Бог го воспоставил своето Царство на небото во 1914 год.a А за Цар го поставил својот Син, Исус Христос (Псалм 2:2, 4, 6-9). Наскоро Божјето Царство ќе почне да владее со Земјата, ќе ги отстрани сите човечки влади и ќе им овозможи на луѓето да живеат вечно во рај на Земјата.

Во блиска иднина, ќе се исполнат зборовите што ги кажал Исус во молитвата Оченаш: „Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата“ (Матеј 6:10). Но, што постигнало Царството откако било воспоставено на небото во 1914 година? И што можеме да очекуваме откако тоа ќе почне да владее над човештвото?

a Повеќе информации во врска со 1914 год. можеш да најдеш во лекција 32 од книгата Радувај му се на животот засекогаш која е издадена од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели