Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 27 декември 2010 год. Надгледникот на школата ќе води 20-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 1 ноември до 27 декември 2010 год.
1. Што можеме да научиме од изразите на фалба на левитите, кои се запишани во 1. Летописи 16:34? [w02 15/1 стр. 11, пас. 6-7]
2. Каков пример ни дал Давид за тоа како да ги користиме своите материјални средства? (1. Лет. 22:14) [w04 1/4 стр. 18, пас. 15-17]
3. Каков став кон Бог сакал цар Давид да има неговиот син Соломон? (1. Лет. 28:9) [w08 15/10 стр. 7, пас. 18]
4. Зошто било соодветно да се направат фигури на бикови како основа на излеаното море? (2. Лет. 4:2-4) [w05 1/12 стр. 19, пас. 3; w98 15/6 стр. 16, пас. 17]
5. Дали ковчегот на заветот ги содржел само двете камени плочи или, пак, во него имало и други предмети? (2. Лет. 5:10) [w06 15/1 стр. 31]
6. Што сакал Соломон да каже кога го молел Јехова да ги чуе повиците на секој што ќе се „помоли свртен кој овој дом“? (2. Лет. 6:19, 22, 32) [w05 1/12 стр. 19, пас. 10]
7. Што значи изразот „засолениот сојуз“ од 2. Летописи 13:5? [w05 1/12 стр. 20, пас. 2; w10 1/4 стр. 20, пас. 3; g02 8/9 стр. 14, пас. 2]
8. Како може 2. Летописи 17:9, 10 да се примени и на нашата служба? [w09 15/6 стр. 12, пас. 7]
9. Како Божјиот народ денес ќе постапи според 2. Летописи 20:17? [w03 1/6 стр. 21-22, пас. 14-17]
10. Што можеме да научиме од она што Библијата го кажува за дрската постапка на цар Озија? (2. Лет. 26:15-21) [w99 1/12 стр. 26, пас. 1-2]