Предлози
Како да започнеме библиски студии првата сабота во април
„Ги поттикнуваме луѓето да ја читаат Библијата. Но, многумина сметаат дека таа е книга која тешко се разбира. Што мислите Вие? [Почекај да одговори.] Видете што вели тука.“ Покажи му ја последната страница од Стражарска кула од 1 април и разгледајте го заедно текстот под првото прашање и барем еден од наведените стихови. На крајот, понуди му ги двете списанија и договорете се кога да дојдеш пак за да го разгледате следното прашање.
Стражарска кула 1 април
„Бидејќи се соочуваме со различни проблеми, многумина се прашуваат дали животот има смисла. Што мислите, зошто луѓето денес не се среќни? [Почекај да одговори.] Библијата ветува дека Бог наскоро ќе ги реши нашите проблеми. [Прочитај Откровение 21:4.] Ова списание зборува за тоа што ни носи иднината и како уште сега да најдеме смисла во животот.“
Разбудете се! април
„Семејното насилство е проблем од светски размери. Некои велат дека причина може да биде културата, условите во кои сме растеле и насилната забава. Што мислите, која е главната причина за семејното насилство? [Почекај да одговори.] Библијата покажува како треба да се однесуваат брачните партнери. [Прочитај Ефешаните 5:33.] Ова списание зборува за тоа како некои го сочувале својот брак применувајќи ги советите од Библијата.“