Песна 100
Ние сме Јеховината војска!
(Јоил 2:7)
1. Војска сме на Јехова,
ослободена.
Сатана веќе нема
над нас никаква власт.
Смело и доброволно
битка водиме.
Решени сме храбро
да продолжиме.
(РЕФРЕН)
Војници на Јехова
сите ние сме.
„Царството на власт е!“ —
објавуваме.
2. Слуги сме на Јехова
и ги бараме
кротките што ги мачи
злото во овој свет.
Редовно им носиме
храна духовна,
сакаме да дојдат
и во Салата.
(РЕФРЕН)
Војници на Јехова
сите ние сме.
„Царството на власт е!“ —
објавуваме.
3. Војска сме на Јехова.
Христос водач е.
Секој е цврст и храбар,
знае што му е цел.
Добро сме опремени
и претпазливи,
а во тешко време,
смели, бестрашни.
(РЕФРЕН)
Војници на Јехова
сите ние сме.
„Царството на власт е!“ —
објавуваме.