Песна 74
Божјата радост ни е сила
(Неемија 8:10)
1. Знакот на Исус секаде се гледа,
добрата вест ја шириме.
Главата горе, времето се ближи,
новиот свет на прагот е!
(РЕФРЕН)
Нам Божјата радост ни е сила,
да пееме на сиот глас.
Со весели срца и со ценење
нека биде фален Богот наш.
Нам Божјата радост ни е сила
и тврдина во овој свет.
Неговото име да се дознае,
сите радосно се трудиме.
2. Нашиот сакан Бог е наша надеж.
Немаме страв, тој силен е.
Радосна песна громко нека ечи,
славен Јехова нека е!
(РЕФРЕН)
Нам Божјата радост ни е сила,
да пееме на сиот глас.
Со весели срца и со ценење
нека биде фален Богот наш.
Нам Божјата радост ни е сила
и тврдина во овој свет.
Неговото име да се дознае,
сите радосно се трудиме.
(Види и 1. Лет. 16:27; Пс. 112:4; Лука 21:28; Јован 8:32.)