15 Така целиот народ тргна во Гилгал и таму го поставија Саул за цар пред Јехова во Гилгал. Потоа, таму принесоа пред Јехова жртви на заедништвото+ и таму Саул и целиот Израел многу се радуваа.+
13 Тогаш Самоил му рече на Саул: „Си постапил безумно!+ Не си ја држел заповедта+ од Јехова, својот Бог, која ти ја даде.+ Да ја држеше, Јехова ќе го зацврстеше твоето царство над Израел за навек.
26 Но Самоил му рече на Саул: „Нема да се вратам со тебе, зашто ти ја отфрли Јеховината реч, и затоа Јехова те отфрла тебе за да не бидеш повеќе цар над Израел“.+
23 И кога Бог ќе допуштеше Саул да го обземе лошо расположение,* Давид ќе ја земеше харфата и ќе свиреше. Тогаш Саул ќе осетеше олеснување и ќе му беше подобро, а лошото расположение ќе му поминеше.*+
7 На крајот Саул им рече на своите слуги: „Побарајте ми жена што знае да повикува духови+ за да појдам кај неа и да ја прашам за совет“. А слугите му рекоа: „Ене, во Ен-Дор+ има една жена, која знае да повикува духови“.
4 Тогаш Саул му рече на својот штитоносец: „Извлечи го својот меч+ и прободи ме со него за да не дојдат оние необрежанине,+ да ме прободат и да ме исмејат!“ Но штитоносецот не сакаше,+ зашто многу се плашеше. Затоа Саул го зеде мечот и се фрли врз него.+