5 Тогаш станаа поглаварите+ на родови на Јуда и на Венијамин, свештениците и левитите, и сите на кои вистинскиот Бог им го поттикна срцето,*+ па тргнаа да го изградат повторно Јеховиниот дом+ во Ерусалим.
3 „Од сите земји по кои ги расеав, јас ќе го соберам остатокот од своите овци+ и ќе ги вратам на нивното пасиште,+ и ќе бидат плодни, и ќе се намножат.+
17 Речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Ќе ве соберам од сите народи и ќе ве соберам од сите земји низ кои сте расеани, и ќе ви ја дадам земјата на Израел.+
11 Ќе се соберат синовите на Јуда и синовите на Израел и ќе се обединат,+ па ќе си постават еден поглавар и ќе заминат од земјата,+ зашто голем ќе биде језраелскиот ден.+