ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/6 стр. 28-30
  • Дали Библијата одвратува од образованието?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Библијата одвратува од образованието?
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Образованието во првиот век
  • Внимателно одмерување на работата
  • Работа на личен избор
  • Образование — користи го за да го фалиш Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Образование со цел
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Како гледаат на образованието Јеховините сведоци
    Јеховините сведоци и образованието
  • Млади кои си спомнуваат за својот Творец
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/6 стр. 28-30

Гледиште на Библијата

Дали Библијата одвратува од образованието?

„Само неуките го презираат образованието“ (Публилиј Сир, Moral Sayings, првиот век пр. н. е.).

БИБЛИЈАТА нѐ подбудува да ‚чуваме практична мудрост и способност за размислување‘ (Изреки 3:21, NW). Јехова, Богот на спознанието, сака неговите обожаватели да бидат образовани луѓе (1. Царства 2:3; Изреки 1:5, 22). Сепак, некои изјави во Библијата би можеле да покренат некои прашања. На пример, осврнувајќи се на своите поранешни тежнеења, вклучувајќи го и своето високо образование, апостол Павле напишал: „Сето тоа го сметам за обично ѓубре“ (Филипјаните 3:3—8, Today’s English Version). Во едно друго инспирирано писмо, тој тврдел: „Мудроста од овој свет е безумство пред Бога“ (1. Коринтјаните 3:19).

Тогаш, дали Библијата одвратува од образованието? До каде би требало да оди христијанинот во тежнеењето по световно образование? Дали е доволен минимумот што го бара законот или, пак, треба да тежнее по дополнително образование?

Образованието во првиот век

Меѓу христијаните од првиот век постоела голема разноликост од образовни позадини. Извесни угледни луѓе ги сметале галилејските апостоли Петар и Јован за „неучени и прости“ (Дела 4:5, 6, 13). Дали тоа значело дека тие двајца луѓе биле неписмени или нешколувани? Не. Тоа едноставно значело дека нивното образование не било од хебрејските високообразовни школи во Ерусалим. Списите на овие двајца смели поборници на христијанството подоцна посведочиле за фактот дека тие биле доброобразовани, интелигентни луѓе, способни за јасно изложување на Писмото. Нивното образование вклучувало практична поука за грижата околу материјалните потреби на нивните семејства. Тие биле колеги во она што очигледно било доходен рибарски бизнис (Марко 1:16—21; Лука 5:7, 10).

Спротивно на тоа, Лука, ученикот кој запишал едно од Евангелијата како и книгата Дела, добил поголемо образование. Тој бил лекар (Колосјаните 4:14). Неговата медицинска позадина им дава еден карактеристичен тон на неговите инспирирани списи. (Види Лука 4:38; 5:12; Дела 28:8.)

Пред да стане христијанин, апостол Павле бил поучен во еврејскиот закон, под старателството на еден од најбрилјантните изучувачи од тоа време, Гамалиил (Дела 22:3). Школувањето на Павле би можело да се спореди со денешното факултетско образование. Понатаму, во еврејското општество се сметало за чест младите да научат некој занает, па дури и кога би тежнееле по високо образование во подоцните години. Очигледно, Павле добил обучување како шивач на шатори додека сѐ уште бил младо момче. Таквите вештини му овозможиле да се издржува во својата полновремена служба.

Меѓутоа, Павле увидел дека во однос на ненадминливата вредност на спознанието од Бог, световното образование — иако потребно — има ограничена вредност. Според тоа, Библијата му придава најголема важност на стекнувањето спознание за Бог и за Христос. Денес христијаните добро постапуваат кога го прифаќаат ова реалистично гледиште за световното образование (Изреки 2:1—5; Јован 17:3; Колосјаните 2:3).

Внимателно одмерување на работата

Некои христијани откриле дека дополнителното образование, како во облик на академски така и во облик на стручни студии, им помогнало во грижата за материјалните потреби на нивното семејство. Грижата за своето семејство е исправна, бидејќи ‚грижата за домашните‘ е света должност (1. Тимотеј 5:8). Стекнувањето вештини кои се потребни за тоа е работа на практична мудрост.

Меѓутоа, оние кои ја чувствуваат потребата да стекнат повеќе од основно образование за да ја исполнат оваа цел, треба да ги одмерат и предностите и недостатоците. Потенцијалните користи вклучуваат да се биде опремен да се најде вработување кое овозможува човек адекватно да се издржува себеси и семејството додека ревносно се стреми по христијанската служба. Освен тоа, тој можеби ќе може да им помага на другите во материјален поглед, ‚имајќи нешто да му подаде на оној, кој што има потреба‘ (Ефесјаните 4:28).

Кои се некои потенцијални недостатоци? Тие може да вклучуваат изложеност на науки кои ја поткопуваат верата во Бог и во Библијата. Павле ги посоветувал христијаните да внимаваат на „лажната наука“ и ‚философијата и празната измама според човечкото предание‘ (1. Тимотеј 6:20, 21; Колосјаните 2:8). Непобитно е дека изложеноста на некои облици на образование може да биде штетна за верата на христијанинот. Оние кои размислуваат за дополнително обучување или студии треба да бидат свесни за ризикот од таквите штетни влијанија.

Мојсеј, кој бил ‚научен на целата мудрост египетска‘, задржал силна вера, и покрај тоа што добил образование кое несомнено вклучувало политеистички науки кои го обесчестуваат Бог (Дела 7:22). Слично на тоа, христијаните денес внимаваат да не подлегнат на нездравите влијанија кога ќе се најдат во која и да е средина.

Друга потенцијална опасност од тежнеењето по дополнително образование е тоа што знаењето надувува, односно создава вообразеност (1. Коринтјаните 8:1). Многумина од себични причини бараат спознание преку образование, па дури и искреното тежнеење по знаење би можело да доведе до чувства на супериорност и самоважност. Таквите ставови не му се угодни на Бог (Изреки 8:13).

Размисли за фарисеите. Членовите на оваа истакната верска секта се гордееле со својата ученост и наводна праведност. Тие биле добро упатени во големата збирка рабински традиции и гледале од високо на обичните луѓе кои биле понеобразовани, сметајќи ги за неуки, презрени, па дури и проколнати (Јован 7:49). Освен тоа, тие ги сакале парите (Лука 16:14). Нивниот пример покажува дека образованието, кога по него се тежнее од неисправни мотиви, може да го возгордее човека или да води до тоа да стане љубител на парите. Затоа, во одредувањето на видот и обемот на образованието, христијанинот ќе постапи добро ако се запраша: ‚Кои се моите мотиви?‘

Работа на личен избор

Како што било случај и во првиот век, денес меѓу христијаните постои голема разноликост од образовни позадини. Водени од своите родители, младите луѓе кои ќе го завршат своето задолжително школување може да изберат дополнително световно образование. Исто така, возрасните кои се заинтересирани за подобрување на нивните средства за обезбедување на своите семејства може да го сметаат таквото дополнително образование како делотворно средство за таа цел.a Некои аспекти од традиционалното академско образование ставаат нагласок врз развивањето општа интелектуална способност наместо професионални или стручни вештини. Така, едно лице може да открие дека дури и откако вложило многу време во стекнувањето такво образование, му недостигаат бараните вештини. Од таа причина, некои избираат да продолжат со студии во стручни програми или технички школи, со изглед поспремно да ги исполнат моментните барања на пазарот на трудот.

Во секој случај, таквите одлуки се од лична природа. Христијаните не треба да се критикуваат или да се осудуваат меѓу себе за оваа работа. Јаков напишал: „Ти, кој си, што осудуваш друг?“ (Јаков 4:12). Ако еден христијанин размислува да тежнее по дополнително образование, добро ќе постапи ако ги преиспита своите лични мотиви за да биде сигурен дека водечката сила не се себични, материјалистички интереси.

Очигледно е дека Библијата охрабрува на едно урамнотежено гледиште за образованието. Христијанските родители ја сфаќаат ненадминливата вредност на духовното образование темелено на Божјата инспирирана Реч и им даваат урамнотежен совет на своите деца во врска со дополнителното образование (2. Тимотеј 3:16). Реални во поглед на животот, тие ја признаваат вредноста на световното образование во стекнувањето вештини кои се неопходни за нивните израснати деца да се грижат за себеси и за своите идни семејства. Затоа, во одредувањето дали да се тежнее по дополнително образование и до кој обем, секој христијанин може да донесе здрава лична одлука темелена на оддаденоста на Јехова Бог, која ‚е полезна за сѐ, бидејќи во себе има ветување за сегашниот и за идниот живот‘ (1. Тимотеј 4:8).

[Фуснота]

a За подетални информации на оваа тема, видете Стражарска кула од 1 ноември 1992, страници 10—21, како и брошурата Јеховините сведоци и образованието, обете издадени од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

[Истакната мисла на страница 29]

„Чувај ја практичната мудрост и способноста за размислување“ (Изреки 3:21, NW).

[Истакната мисла на страница 30]

Во размислувањето за тоа дали да тежнее по дополнително школување, христијанинот ќе постапи добро ако се запраша: ‚Кои се моите мотиви?‘

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели