ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/8 стр. 31
  • ,Тоа беше како да јадам мед‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ,Тоа беше како да јадам мед‘
  • Разбудете се! 1998
  • Сличен материјал
  • Дали Бог е тројство?
    Одговор на библиски прашања
  • 1. дел — дали Исус и неговите ученици учеле за науката на Тројството?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Дали треба да се верува во тоа?
    Дали треба да се верува во Тројство?
  • Дали е тоа јасна библиска наука?
    Дали треба да се верува во Тројство?
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/8 стр. 31

,Тоа беше како да јадам мед‘

ВО СРЕДИНАТА на 1993, во Алтус (Оклахома, САД), еден загрижен татко, прв водник во Военото воздухопловство на САД, се молел за водство да ѝ помогне на ќерка си, која имала брачни проблеми и размислувала за развод. Следното утро еден Јеховин сведок дошол на неговата врата и му го понудил изданието на Разбудете се! од 8 октомври 1993, кое ја истакнувало темата „Развод — врата кон посреќен живот?“

Иако човекот никогаш не ги сакал Сведоците и никогаш порано не ги сослушувал, спремно го зел и го прочитал тоа списание Разбудете се! Потоа ѝ ги кажал на ќерка си стиховите и мислите оттаму. Исто така, го прочитал и изданието на Стражарска кула што му било оставено заедно со Разбудете се! Тоа содржело една статија која го натерала длабоко да размисли за тројството, во кое верувал цел живот. Сфатил дека неговата молитва за да ѝ помогне на ќерка му била одговорена, но сепак се прашувал зошто Бог би користел луѓе кои не веруваат во тројство за да одговори на неговите молитви. Расудувал дека, за да одговори на молитвите, Бог сигурно не користи луѓе кои не ја поучуваат вистината.

Така, тоа го навело да телефонира во Салата на Царството на Јеховините сведоци за да набави литература која подетално ги објаснува нивните верувања во врска со тројството. Човекот кој одговорил на телефонот во моментот присуствувал на еден состанок за христијански старешини. Водникот на Военото воздухопловство веднаш отишол во Салата на Царството, каде што му била дадена книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата и брошурата Дали треба да се верува во тројство?

Истата ноќ човекот ја прочитал целата брошура. Додека ја читал, толку се возбудил, изјавил тој подоцна, што морал да паузира и да си рече: ‚Полека, смири се. Ова едноставно не може да биде вака. Премногу е добро за да биде вистинито‘. Брошурата толку јасно го изнесувала библискиот доказ против доктрината за тројството што кога ја читал, објаснил тој, ‚тоа било исто како да јаде мед‘. Следната вечер присуствувал на својот прв состанок на Јеховините сведоци и бил воодушевен од она што го чул.

После неговата прва студија со Јеховините сведоци и една темелна дискусија за библиското гледиште за пушењето, тој ги фрлил цигарите и никогаш повторно не пропушил. Со него се водела библиска студија неколку пати секоја седмица. Три месеци откако ја прочитал брошурата Тројство и откако се повлекол од војската, почнал да учествува во јавното проповедничко дело заедно со Сведоците. После три месеци го симболизирал своето предание на Јехова Бог и се крстил. Сега служи како полновремен министер.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели