Дојдете, чујте го бесплатното јавно предавање „Единствениот пат до вечен живот“
Пред речиси 20 години, во својата книга Conquest of Death, д-р Алвин Силверстин напишал: „Ќе ја откриеме суштината на животот. Ќе разбереме . . . како човек старее“. Тој дури и предвидел: „Повеќе нема да има ‚стари‘ луѓе бидејќи спознанието кое ќе ја овозможи победата над смртта, ќе донесе и вечна младост“.
Понеодамна, една статија во The New York Times Magazine од 28 септември 1997, извести за оптимизмот за „продолжување на животот“ што го делат некои луѓе кои се свесни за своето здравје и кои се воодушевени од можностите на денешната технологија. „Јас навистина верувам дека ние би можеле да бидеме првата генерација која ќе живее засекогаш“, рекол еден воодушевеник. Се вели дека еден друг бил „безгрижно уверен . . . дека техниките на генетскиот пораст ќе бидат достапни навреме за да ја спасат [оваа генерација] со тоа што ќе го запрат стареењето, можеби свртувајќи го во обратен правец.“ Дали Ве изненадува ваквиот оптимизам?
Дали верувате дека човекот преку својата технологија ќе ја победи смртта? Или, пак, постои друг начин да се живее вечно? Милиони ширум светот се убедени дека вечниот живот навистина може да стане реалност. Дознајте како, со тоа што ќе ја прифатите поканата да го слушнете возбудливото предавање „Единствениот пат до вечен живот“, кое ќе биде изнесено на Обласниот конгрес на Јеховините сведоци — „Божјиот пат на живот“. Можете да го слушнете на локацијата во близината на Вашиот дом, затоа што почнувајќи од овој месец, тоа ќе се изнесува на стотици конгреси ширум светот.
Контактирајте со Јеховините сведоци локално или пишете до издавачите на ова списание за локацијата на конгресот кој е најблизу до Вас.