ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/6 стр. 29-30
  • Дали е погрешно да се изговара Божјето име?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали е погрешно да се изговара Божјето име?
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Кое е Божјето гледиште?
  • Третата заповед
  • Дали тоа е важно?
  • Значењето и употребата на Божјето име
    Што навистина учи Библијата?
  • Божјето име
    Разбудете се! 2017
  • Слави го Јеховиното величествено име
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Зошто мораме да го знаеме Божјето име
    Божественото име кое ќе остане засекогаш
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/6 стр. 29-30

Гледиште на Библијата

Дали е погрешно да се изговара Божјето име?

СО ВЕКОВИ јудаизмот поучувал дека божественото име, Јехова, е премногу свето за да се изговараa (Осија 12:5). Многу теолози резонирале дека не се покажува почитување ако му се обраќаме на величествениот Творец со толкава фамилијарност, па дури и дека тоа значи кршење на третата од Десетте заповеди, која забранува ‚напразно да се изговара името на Господа‘ (2. Мојсеева 20:7). Во третиот век н. е., Мишната објавила дека „оној кој ќе го изговори божественото Име како што е напишано“, нема „дел во светот што ќе дојде“ (Синедриум 10:1).

Интересно е тоа што многу изучувачи во христијанскиот свет го следат духот на оваа еврејска традиција кога ја преведуваат Библијата. На пример, The New Oxford Annotated Bible [Нова Оксфордска Библија со коментари], во својот предговор коментира: „Употребата на некое лично име за едниот и единствен Бог, како да постојат други богови од кои треба да се разликува вистинскиот Бог, почна да се прекинува во јудаизмот пред христијанската ера и не е прикладна за општата вера на христијанската црква“. Затоа, во тој превод, зборот „ГОСПОД“ стои како замена за божественото име.

Кое е Божјето гледиште?

Но, дали гледиштето на тие преведувачи и теолози го одразува Божјето размислување? На крајот на краиштата, Бог не избрал да го сокрие своето име од човештвото; напротив, тој му го открил. Во хебрејскиот дел од Библијата, обично наречен Стар завет, Божјето име Јехова се појавува повеќе од 6.800 пати. Библискиот запис покажува дека првата човечка двојка, Адам и Ева, биле меѓу оние кои го знаеле и го користеле Божјето име. Кога на Ева ѝ се родил првиот син, таа изјавила: „Произведов човек со Јеховина помош“ (1. Мојсеева 4:1, NW).

Со векови подоцна, кога Бог го повикал Мојсеј да ја изведе нацијата Израел од ропството во Египет, Мојсеј го прашал: „Еве, ќе појдам кај синовите Израилеви и ќе им речам: ‚Бог на татковците ваши ме испраќа кај вас.‘ И ако тие ме прашаат: ‚како Му е името‘, што ќе им речам тогаш?“ Можеби Мојсеј се прашувал дали Бог ќе се открие себеси со некое ново име. Бог му рекол на Мојсеј: „Вака кажи им на синовите Израилеви: ‚Господ [Јехова, NW] Бог на татковците наши, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов ме испрати кај вас. Ете тоа е името Мое вечно, и тоа е споменот за Мене од колено на колено‘“ (2. Мојсеева 3:13, 15). Јасно е дека вистинскиот Бог не сметал дека неговото име било премногу свето за да го изговара неговиот народ.

Всушност, Божјите верни слуги од секоја генерација слободно и со почитување го изговарале Божјето име. Воз, еден лојален слуга на Бог, редовно ги поздравувал своите работници на полето со зборовите „Нека е Јехова со вас“. Дали работниците се чуделе на таквиот поздрав? Не. Извештајот кажува: „Тие, пак, му рекоа: ‚Јехова да те благослови‘“ (Рут 2:4, NW). Наместо да го сметаат тој поздрав за навреда на Бог, тие го сметале за начин на кој ќе му оддадат слава и чест во нивните секојдневни работи. Во истиот дух, Исус ги поучил своите ученици да се молат: „Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое“ (Матеј 6:9).

Третата заповед

Но, што е со забраната спомната во третата од Десетте заповеди? 2. Мојсеева 20:7 јасно наведува: „Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог, бидејќи Господ нема да го остави неказнет оној, кој напразно ќе го изговори името Негово“.

Што точно значи да се изговори Божјето име „напразно“? The JPS Torah Commentary, издаден од Еврејското издавачко друштво, објаснува дека хебрејскиот термин кој погоре е преведен со „напразно“ (лашшав) може да значи „лажно“ или „за ништо, попусто“. Истото референтно дело продолжува: „Повеќезначноста [на овој хебрејски израз] подразбира забрана на кривоклетство од страна на спротивставените странки во некоја парница, на лажно заколнување и на непотребна или лекомислена употреба на божественото Име“.

Овој еврејски коментар точно истакнува дека ‚напразното изговарање на Божјето име‘ вклучува употреба на тоа име на еден неисправен начин. Но, дали изговарањето на Божјето име кога ги поучуваме другите за него или кога му се обраќаме на нашиот небесен Татко во молитва може со право да се нарече „непотребно или лекомислено“? Јехова го изразува своето гледиште преку зборовите од Псалм 90:14: „Бидејќи се надеваше на Мене, и ќе го избавам, и ќе го заштитам, зашто го позна името Мое“.

Дали тоа е важно?

Преводот на современ англиски јазик со наслов The Five Books of Moses (Петте книги на Мојсеј) од Еверет Фокс, ја прекинува таа традиција. Овој превод не го користи традиционалното „ГОСПОД“ туку „ЈХВХ“ за да го претстави Божјето име „од желба да го изрази доживувањето на хебрејскиот читател“. Фокс нагласува: „Читателот веднаш ќе забележи дека личното име на библискиот Бог се појавува во овој том како ‚ЈХВХ‘“. Тој признава дека погледот на Божјето име може да му биде „непријатен“ на читателот. Но, откако го презел пофалниот чекор да не го крие Божјето име во преводот, тој додава: „Би ја препорачал употребата на традиционалното ‚ГОСПОД‘ во гласното читање, но некои можеби ќе сакаат да го следат сопствениот обичај“. Меѓутоа, дали тоа е само работа на личен избор, традиција или следење на својот обичај?

Не. Библијата не само што охрабрува на исправна употреба на Божјето име, туку и го заповеда тоа! Во Исаија 12:4а, Божјиот народ е претставен како извикува со недвосмислени изрази: „Славете Го Господа, повикувајте Го името Негово“. Освен тоа, псалмистот зборува за оние кои ја заслужуваат Божјата неповолна осуда: „Излеј го гневот Свој врз народите, што не Те познаваат, и врз царствата, кои не го признаваат името Твое“ (Псалм 78:6; видете и Изреки 18:11; Софонија 3:9).

Затоа, иако некои се воздржуваат да го изговараат Јеховиното величествено име поради тоа што погрешно ја сфаќаат третата заповед, оние кои навистина го љубат Бог настојуваат да го привикуваат неговото име. Да, во секоја поволна прилика, тие ‚ги разгласуваат меѓу народите делата Негови, напомнувајќи дека името Негово е големо‘! (Исаија 12:4б).

[Фуснота]

a Во хебрејскиот дел од Библијата (Стариот завет), Божјето име е претставено со четири букви кои можат да се транслитерираат како ЈХВХ. Иако не е познат точниот изговор на Божјето име, во македонскиот јазик обично се изговара „Јехова“.

[Слики на страница 29]

Дел од книгата Псалми од свитоците од Мртвото Море. Божјето име, Јехова (ЈХВХ) се појавува во еден постар облик на хебрејски текст, за разлика од останатиот свиток

[Извор на слика]

Со љубезна дозвола на Светилиштето на книгата, Израелскиот музеј, Ерусалим

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели