Публикација со цел
ДИРЕКТОРОТ на една јавна библиотека во Прага (Република Чешка), на таблата за информации во библиотеката изложил две страници проценка на Разбудете се! Меѓу другото, го напишал следново:
„Јас не сум Јеховин сведок, а не сум ниту оддаден приврзаник ниту, пак, закоравен противник на Watch Tower Society. Сепак, не можам а срдечно да не го препорачам списанието Разбудете се!, кое го читам веќе извесно време. Многу би ви користело дури и ако едноставно го читате неговиот наслов еднаш на ден. Сепак, не само насловот туку и самата содржина на ова списание се одличен додаток на комерцијалните списанија . . .
Разбудете се! е со еден добро промислен концепт. Дава статии за теми кои другите списанија се колебаат да ги издаваат од различни причини. Укажува на поврзаноста, ја школува глобалната свесност . . . Разбудете се! не суди. Изнесува факти и гледишта на авторитетите, ги покажува добрите и лошите страни, ги доведува во врска моменталните проблеми со библиските стихови и му препушта на читателот да просуди сам. Освен тоа, Разбудете се! поставува — и ги учи читателите да поставуваат — прашања“.
На страница 4 на секое списание, во делот „Зошто се издава Разбудете се!“, стои објаснувањето: „Што е најважно, ова списание ја изградува довербата во ветувањето на Творецот за еден мирољубив и сигурен нов свет, кој наскоро ќе го замени сегашниов злобен, беззаконски систем на ствари“.
Дискусија за ова Божје ветување ќе најдете во последните два дела на брошурата од 32 страници Која е смислата на животот? Како може да се пронајде? Овие делови носат наслов „Божјата намера наскоро ќе се оствари“ и „Живеј засекогаш на рајска земја“. Можете да ја добиете оваа брошура ако го пополните и го испратите придружниот купон на адресата што стои на купонот или на соодветната адреса наведена на страница 5 од ова списание.
□ Испратете ми примерок од брошурата Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.