ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/11 стр. 31
  • Религијата опаѓа во Британија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Религијата опаѓа во Британија
  • Разбудете се! 1999
  • Сличен материјал
  • Зошто црквата го губи влијанието?
    Разбудете се! 1996
Разбудете се! 1999
g99 8/11 стр. 31

Религијата опаѓа во Британија

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО БРИТАНИЈА

ВЕСНИКОТ Sunday Times од Лондон извести дека секоја седмица 1.500 Британци ги напуштаат главните цркви. Римокатоличката црква изгубила околу 600.000 посетители од 1980 година, а Англиканската црква — сѐ уште „крвавејќи“ со 600 лица секоја седмица — има помалку од еден милион на своите служби, помалку од половина посетители за разлика од пред 50 години. Откако во 1992 Главниот синод донесе одлука да се заредуваат жени, си заминале околу 500 свештеници на Англиканската црква.

Многумина од оние кои ги напуштиле црквите, честопати се гневни и разочарани заради тоа што никој не се обидел да ги спречи да си заминат ниту, пак, одржувал контакт за да види што може да се направи за да им се помогне откако си заминале, извести The Times. Некои „рекле дека Црквата пропуштила да се поврзе со нивниот живот“, забележа весникот.

Британското општество живее од „сѐ помала набавка на духовен и морален капитал“, тврди кардиналот Базел Хјум, римокатолички надбискуп од Вестминстер. Што го предизвикало ова празнење? „Глад за Божјата реч“, гласеше насловот во Catholic Herald. Тој наведе: „На мисата ни читаат извадоци од Стариот и од Новиот завет, но ретко, ако и воопшто, ни го даваат нивниот контекст . . . Животот на светците и различните книги за духовно размислување се добри, но тие не се доволни како клуч за да се отклучи Писмото“. Оваа статија заклучи дека недостига „современа, библиска презентација со пасторална цел“.

Во едно писмо до линколнширскиот Boston Target, еден читател рекол: „Луѓето ја губат својата вера во религијата . . . Што прават по цел ден овие црковни министри? Сигурно не одат како Христос за да се сретнат со луѓе . . . Единствената религија која изгледа се грижи се Јеховините сведоци, кои одат и се среќаваат со луѓето и искрено се ангажирани во проповедање на вистината — тие Ве покануваат да отидете на нивните служби, тие зборуваат за природната средина и прават нешто за неа. Јас не сум ЈС, но ги почитувам и ги сослушувам овие луѓе“.

Дали некогаш сте присуствувале на состаноците во локалната Сала на Царството? Таму ќе добиете поука која поттикнува и помага. Дали би сакале да добиете одговор на библиски прашања? Минатата година, во 233 земји, Јеховините сведоци посветија повеќе од една милијарда часови од своето време бесплатно помагајќи им на луѓето да ја разберат Библијата, водејќи повеќе од четири милиони домашни библиски студии. Јеховините сведоци сметаат дека оваа активност за библиско образование е најважното дело што се извршува во ова време. Ве повикуваме да откриете зошто (Матеј 24:14; 28:19, 20).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели