ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/11 стр. 28-30
  • Како можам да се справам со подбивањето?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како можам да се справам со подбивањето?
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто се исмејуваат
  • Давање одбрана
  • Зборувај
  • Испитаната вера е јака вера
  • Млади христијани — бидете цврсти во верата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Млади — Јехова нема да го заборави вашето дело!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Како да им проповедам на соучениците?
    Разбудете се! 2002
  • Зошто се плашам да зборувам за мојата вера?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/11 стр. 28-30

Младите прашуваат . . .

Како можам да се справам со подбивањето?

МЛАДИТЕ кои постапуваат или се облекуваат поинаку од врсниците можеби се жртви на грубо подбивање. Ова е случај со христијанските младинци, чие однесување честопати е доста поинакво од однесувањето на другите млади луѓе. Па зарем Христос не рекол за своите вистински следбеници: „Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат“? (Јован 15:20).

Како се одразува ова врз младите кои се Јеховини сведоци? Некои од нив се исмејувани затоа што не слават извесни празници; други, пак, се критикувани бидејќи не го поздравуваат знамето. Некои од нив се дури и исмејувани затоа што не користат дрога, чесни се и се придржуваат за библиските морални мерила.

Оваа ситуација не е нова. Всушност, апостол Петар им рекол на христијаните кои живееле во првиот век: „Тие [луѓето од нациите] се чудат што не се дружите со нив во тој ист неуреден живот, и хулат на вас“ (1. Петрово 4:4). Други преводи велат дека тие „ве нарекуваат со погрдни имиња“ (Knox) или „тие ве навредуваат“ (Today’s English Version).

Дали некогаш си бил исмејуван заради твоите религиозни убедувања? Ако да, биди храбар. Не си сам! И ќе те радува кога ќе дознаеш дека можеш да научиш да се справиш со непријатноста кога ти се подбиваат заради твојата вера.

Зошто се исмејуваат

Зошто некои се подбиваат со оние чии верувања и однесување се разликуваат од нивните? Понекогаш оние што се исмејуваат — исто како и тираните — се несигурни во себе. Можеби те исмејуваат за да ја подобрат сликата за себе во очите на нивните врсници. Сосема веројатно, кога би биле сами, малкумина од тие што те вознемируваат би биле заинтересирани — или храбри — отворено да те критикуваат.

Од друга страна, пак, некои исмејувачи „се чудат“, како што напишал Петар. Да, тие можеби се навистина збунети поради твоето однесување. На пример, ако си Јеховин сведок, тие може искрено да помислат дека е чудно тоа што не учествуваш во активностите кои се поврзани со извесни празници. Можеби некои одлучни противници им дале искривени информации за Сведоците.

Која и да е причината, кога ќе бидеш соочен со напад од подбивни забелешки, можеби ќе се согласиш со библиската изрека: „Постои некој кој зборува непромислено како со бодежи од меч“ (Изреки 12:18, NW). Но, запомни дека оние кои се впуштаат во таков говор веројатно не го прават тоа затоа што не те сакаат како личност. Поверојатно, тие го прават токму она што го наведува библиската изрека — ‚зборуваат непромислено‘.

Сепак, исмејувањето може да боли, исто како рана од бодежи. Можеби дури и ќе се чувствуваш искушан да ја компромитираш својата вера за да ја запреш буицата од навредливи зборови. Тогаш, како можеш да се справиш кога ти се подбиваат заради твоите верувања?

Давање одбрана

Апостол Петар ги опоменал христијаните: Секогаш бидете „спремни да давате одбрана пред секого кој бара причина за надежта во вас, но тоа правете го со благост и со длабоко почитување“ (1. Петрово 3:15, NW). За да дадеш таква одбрана на својата вера, потребно е да стекнеш точно спознание и да ги разбираш причините за твоите верувања.

Сепак, мора да научиш и како да зборуваш со другите со „длабоко почитување“ или, како што преведува The Bible in Basic English, „без гордост“. Твоето познавање на Библијата и нејзините науки не треба да те наведе да се чувствуваш супериорно во однос на другите. Напротив, треба да настојуваш да го негуваш ставот на апостол Павле, кој во врска со својата служба напишал: „Станав роб на сите, та повеќето од нив да ги придобијам“ (1. Коринтјаните 9:19).

Ако откриеш дека се плашиш да дадеш одбрана на својата вера, не очајувај. Многу млади Сведоци се чувствувале исто така. „Кога одев во основно училиште“, вели Јемол, „не знаев како да им објаснам на другите зошто не славам празници или не го поздравувам знамето, па дури и зошто одам во служба од куќа до куќа.“ Што му помогнало? „Татко ми упорно работеше со мене сѐ додека конечно не можев да ги објаснам овие работи, а тоа многу ги смени работите.“ Ако ти е тешко да им ги објасниш на другите своите верувања, можеби можеш да добиеш помош од родителот или од некој друг зрел член на христијанското собрание кој ќе ти помогне потполно да го сфатиш спознанието за Бог (Ефесјаните 3:17—19).

Една 16-годишна девојка Сведок рекла дека програмата на лична библиска студија ѝ помогнала да собере храброст за да зборува на училиште. „Порано, кога соучениците ме задеваа затоа што сум Сведок, не знаев што да речам“, признава таа. „Сега, како полновремен евангелизатор, ја проучувам Библијата многу повеќе и можам да дадам одговор. Држењето чекор со најновите статии во списанијата Стражарска кула и Разбудете се! ми помага да разговарам со соучениците во врска со моите верувања.“

Се разбира, не постојат две исти ситуации. Затоа, во различни ситуации ќе треба да се реагира различно. Сепак, кога си испровоциран од некоја нељубезна забелешка, никогаш не е исправно ‚да враќаш зло за зло‘ (Римјаните 12:17—21). Навредливиот одговор, без оглед на тоа колку изгледа духовит, само ќе додаде дрва на огнот и може да охрабри на понатамошни подбивања. Затоа, некои заклучиле дека е подобро да ги игнорираат навредите.

Во некои случаи, како на пример тогаш кога некоја изјава едноставно е добронамерен обид за хумор, можеби ќе биде мудро да се смееш и ти поради забелешката наместо да се навредиш (Проповедник 7:9). Ако подбивачот види дека неговите зборови имаат мал или никаков ефект, можеби ќе престане со малтретирањето. (Споредете Изреки 24:29; 1. Петрово 2:23.)

Зборувај

Но, има прилики кога можеби ќе можеш да дадеш кратко, тактично објаснување на твоите верувања. Едно 13-годишно девојче се обидело со тоа и имало одлични резултати. „Одев на часови“, вели таа, „кога неколку ученици почнаа да се подбиваат со Јеховините сведоци. Почувствував нагон да прозборам, но тие едноставно си заминаа и продолжија да ми се смеат — освен еден.“ Ученичката, која била Сведок, објаснила: „Една девојка по име Јеми се сврте кон мене и ми рече дека ја има книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата.a Рече дека прочитала поголем дел и дека е заинтересирана да добие повеќе информации за нашите верувања. Почнав да ја проучувам Библијата со Јеми“. Охрабрена од тоа искуство, младата девојка Сведок почнала да разговара и со други млади луѓе. „Редовно посетувам четири соученици кои покажаа интерес и за кои сум сигурна дека наскоро ќе проучуваат“, вели таа.

Пред неколку години, еден ученик во африканската земја Либерија имал слично искуство. За време на часот по социологија, тој со почит објаснил дека, како Јеховин сведок, верува во создавање а не во еволуција. На почетокот, многу од неговите соученици биле сосема критички настроени. Но, наставникот му допуштил да ги објасни своите верувања пред класот, а потоа ја зел книгата Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?b

Откако ја прочитал книгата, наставникот рекол пред целиот клас: „Оваа книга е неспоредлива. Таа е една од најдобрите научни книги за создавањето што некогаш сум ги прочитал“. Тогаш наставникот објаснил дека има намера да ја користи книгата Создавање заедно со учебникот во текот на следните две полугодија, и го упатил класот да си набави примероци од ученикот кој бил Сведок. Биле оставени десетици книги и многу ученици го промениле своето гледиште за Јеховините сведоци!

Испитаната вера е јака вера

Мора да признаеме дека понекогаш можеби ќе се чувствуваш совладан од бројот на оние кои не ја делат — ниту ја ценат — твојата положба темелена на Библијата. (Спореди Псалм 3:1, 2.) Затоа, мудро е да го бараш друштвото на оние кои имаат исти убедувања и верувања како твоите (Изреки 27:17). Но, што ако во твоето училиште или во соседството нема други млади кои имаат иста вера како твојата?

Ако е така, сети се дека твојот најголем Пријател е Јехова Бог и тој може да те поддржи. Тој го носел главниот товар на подбивањата на Сатана Ѓаволот во текот на илјадници години. Затоа, можеме да бидеме сигурни дека Јеховиното срце се радува кога остануваш цврст во верата. Таквиот правец му дава можност ‚да има што да му каже на оној, што го клевети‘ (Изреки 27:11).

Сосема е за очекување одвреме навреме твојата вера да биде испитана (2. Тимотеј 3:12). Сепак, апостол Петар нѐ уверува дека испитаниот квалитет на нашата вера е ‚подрагоцен од нетрајното злато, па било тоа да е испитано и преку оган‘ (1. Петрово 1:7). Затоа, кога ти се подибиваат заради верата, гледај на тоа како на прилика да ја зајакнеш својата вера и да ја покажеш својата истрајност. Апостол Павле напишал дека истрајноста води до „призната положба“ (Римјаните 5:3—5, NW). Да, желбата да се стекне Јеховината наклоност дава силен поттик да се справиш кога ти се подбиваат заради твојата вера!

[Фусноти]

a Издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

b Издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

[Слика на страница 29]

Можеш ли да дадеш одбрана на твојата вера?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели