ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/7 стр. 28-30
  • Како да им проповедам на соучениците?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да им проповедам на соучениците?
  • Разбудете се! 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Развивај горливост да проповедаш
  • Отворено кажи кој си
  • Што ако сретнам некого од училиште?
    Разбудете се! 2002
  • Како можам да ја направам вистината моја своина?
    Разбудете се! 1999
  • Млади — Јехова нема да го заборави вашето дело!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Зошто се плашам да зборувам за мојата вера?
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 2002
g02 8/7 стр. 28-30

Младите прашуваат . . .

Како да им проповедам на соучениците?

„Бев во служба на проповедање кога одеднаш налетав на еден познаник. Се парализирав! Објавителот што беше со мене мораше да се вмеша и да зборува наместо мене“ (Алберто).

„Знаев дека еден соученик живее на таа улица, па затоа требаше брат ми да зборува на сите врати. По некое време малку се замори и ме замоли да зборувам на следната врата. Затропав и — о, не — тоа беше тој! Многу се уплашив!“ (Џејмс).

МЛАДИТЕ честопати мислат дека не е модерно да се зборува за религија. Меѓутоа, кај вистинските христијани младите ја ценат предноста што им е дадена од Бог да ја споделуваат својата вера со другите. Затоа, илјадници млади Јеховини сведоци учествуваат во проповедничкото дело од куќа до куќа. Но, некои го прават тоа со страв дека можеби ќе сретнат некого што го знаат од училиште. „Сѐ уште имам трема кога ќе сретнам некого со кого сум одела на училиште“, вели Џенифер, иако завршила средно училиште пред неколку години.

Ако си млад христијанин, можеби и ти понекогаш се чувствуваш така. Се разбира, сите се плашиме да не бидеме отфрлени, па затоа е сосема нормално да се чувствуваме малку нервозни кога треба да зборуваме за религијата со некој соученик.a Но, нема причина да дозволиш стравот да те парализира. Се сеќаваш ли на човекот што Библијата го нарекува „Јосиф од Ариматеја“? Тој верувал во работите што ги научил од Исус. Сепак, Библијата го опишува Јосиф како „Исусов ученик, но таен, поради стравот од Евреите“ (Јован 19:38). Кажи, што би мислел ти за некој пријател што би сакал да го одржува во тајност вашето пријателство? (Лука 12:8, 9). Затоа, не е за изненадување тоа што Бог очекува сите христијани да дадат „јавна изјава“ за својата вера (Римјаните 10:10). Тоа би вклучувало да разговараш и со младите во твоето училиште.

Јосиф од Ариматеја ги совладал своите стравови, барем дотаму што побарал дозвола да го закопа Исусовото тело. Како можеш ти да ги совладаш твоите стравови?

Развивај горливост да проповедаш

Апостол Павле сигурно не се срамел да ја споделува својата вера со другите. Во Римјаните 1:15 вели за себе дека горливо сака да ја објавува библиската порака. Што било причина за таквата горливост? Како што е запишано во 16. стих, тој вели: „Јас не се срамам од добрата вест; всушност, таа е Божја сила за спасение на секој кој има вера“. Како е со тебе? Дали навистина си си ја докажал вистината себеси? (Римјаните 12:2). Дали си лично убеден дека библиската порака е „Божја сила за спасение“?

Не е доволно само да присуствуваш на христијанските состаноци со твоите родители. „Лесно е само да одиш на состаноци“, вели младата Дебора, „затоа што твоите родители ти го велат тоа. Но, кога луѓето ќе ми поставеа прашања за Библијата, не знаев како да ги објаснам.“ И младата Ми Јон признава: „Мораме да си докажеме себеси дека ова е вистината“.

Што може да те мотивира да го споделуваш со другите своето знаење за Библијата? Личното проучување. Младиот Шон вели: „Кога ќе почнеш лично да ја проучуваш Библијата, почнуваш да ја правиш вистината своја сопственост. Ја проучуваш за себе“. Навистина, не е секој студиозен по природа. „Јас не сакам да читам“, признава Шевон. „Затоа на почетокот ми беше тешко да читам Стражарска кула или Разбудете се! или секојдневно да ја читам Библијата. Но, со текот на времето почнав да го правам тоа.“

Какви се резултатите од такво марливо проучување? Апостол Павле вели: „Верата доаѓа од она што се слуша“ (Римјаните 10:17). Како што расте твојата вера и увереност, сигурно ќе се промени и твојот став. Младата Бразилка Елизанжела заклучила: „Да се биде христијанин е чест, а не срам“. Всушност, како што расте твојата вера, ќе увидиш дека си поттикнат да зборуваш со другите — вклучувајќи ги и твоите соученици. Павле рекол: „Ние практикуваме вера и затоа зборуваме“ (2. Коринќаните 4:13). Освен тоа, како можеш да бидеш „чист од крвта“ на другите ако го криеш животоважното спознание од младите што ги гледаш секој ден? (Дела 20:26, 27).

Но, некои млади христијани не се чувствуваат добро опремени да зборуваат со другите за Библијата. „Ако не знаеш што да речеш“, вели младиот Јошуа, „не е многу забавно да се обидуваш да проповедаш.“ И во овој случај, стекнувањето подлабоко разбирање за Библијата ќе ти помогне исправно да ракуваш со неа (2. Тимотеј 2:15). Во собранијата на Јеховините сведоци младите можат да им пристапат на собраниските старешини и да побараат лична помош во развивањето вештини за поучување. Еден млад Германец по име Матијас вели: „Кога почнав вистински да зборувам со луѓето — а не само да им нудам библиска литература — почнав да уживам во проповедањето“.

И, на крајот, можеш да го молиш Бог да ти помогне да зборуваш со смелост (Дела 4:29). Апостол Павле лично ја искусил Божјата помош во овој поглед. Во 1. Солуњаните 2:2 тој вели: „Со помош на нашиот Бог собравме смелост да ви ја зборуваме Божјата добра вест со голема борба“. Според еден прирачник, оваа изјава може да се преведе како „Бог го зеде стравот од нашите срца“. Затоа, зошто не се молиш и не побараш од Бог да го земе стравот од твоето срце?

Отворено кажи кој си

Во склад со таа молитва, можеш да преземеш еден многу смел чекор. Младата Британка по име Шик советува: „Кажи им на соучениците дека си христијанин“. Ти не сакаш да бидеш ‚таен ученик‘. Младата Ребека признава дека порано се плашела да сретне некого што го познава додека била во делото на проповедање. Но, таа вели: „Ако им кажеш дека си христијанин и дека одиш од врата до врата, понекогаш ќе те прашаат: ‚Еј, ќе дојдеш ли некогаш на мојата врата‘?“

Но, зошто да чекаш на некоја случајна средба? Барај прилики да ја споделиш твојата вера на училиште. Сети се на прашањата што ги поставил апостол Павле: „Како . . . ќе поверуваат во оној за кого не чуле? А како ќе чујат ако некој не проповеда?“ (Римјаните 10:14). Ти си во најдобра положба да им помогнеш на твоите сокласници да чујат. Младата Ирајда забележува: „Училиштето е подрачје за проповедање што можеме да го достигнеме само ние“. Затоа, многу млади ја користат својата ситуација проповедајќи неформално.

Но, понекогаш има и некои училишни задачи што ти даваат прилика да ги споделиш библиските вистини. Британката Џејми раскажува: „Дискутиравме за еволуцијата на часот по биологија и јас ги изнесов моите верувања. Еден ученик ме исмејуваше и рече дека Јеховините сведоци се прости и дека не заслужуваат да бидат во школството. Но, другите деца од одделението веднаш почнаа да ме бранат“. Очигледно, нејзината репутација како примерна христијанка се исплатела. Џејми додава: „Како резултат на тоа, на крајот на една соученичка ѝ ја дадов книга Постои ли Творец кој се грижи за тебе“.b

Една 14-годишна девојка од Романија по име Роксана раскажува слично искуство: „Мојата наставничка најави дека ќе имаме дискусија во класот за алкохолот, тутунот и дрогата. Затоа го донесов изданието на Разбудете се! од 8 јули 2000 на тема ‚Како можете да прекинете со пушењето‘. Една соученичка го виде списанието, го зеде и не сакаше да ми го врати. Откако го прочита, рече дека решила да престане да пуши“.

Можеби нема секогаш да наидеш на таков поволен одѕив. Но, Проповедник 11:6 нѐ поттикнува: „Наутро сеј го своето семе а навечер твојата рака нека не почива, зашто не знаеш дали ќе биде подобро ова или она“. Ако не друго, тоа што ќе ги споделиш своите верувања на училиште ќе положи темел за попријатни дискусии ако некогаш сретнеш некој соученик во службата од куќа до куќа. Младата Британка по име Џесика вели: „Полесно е да им сведочиш на оние што ги знаеш од училиште затоа што веќе ги познаваш“. Можеби ќе се изненадиш кога ќе видиш колку се љубопитни некои од твоите сокласници за твоите верувања.

Точно, нема да бидеш љубезно прифатен од сите. Но, Исус го дал овој практичен совет: „Таму каде што никој не ве прима или не ги слуша вашите зборови, излегувајќи од таа куќа . . . истресете го правот од своите нозе“ (Матеј 10:14). Со други зборови, не мораш да го сфатиш одбивањето лично. Едноставно замини си смирено и барај некого што е поспремен да слуша. Кога-тогаш ќе најдеш луѓе со искрени срца што гладуваат за вистината и сакаат да слушаат. Зарем не би било убаво кога некој од нив би бил твој соученик? Ако е така, ќе се радуваш што си го надминал стравот од споделувањето на твојата вера со соучениците.

[Фусноти]

a Види ја статијата „Младите прашуваат . . . Што ако сретнам некого од училиште?“, што излезе во нашето издание од 8 јуни 2002.

b Издадена од Јеховините сведоци.

[Истакната мисла на страница 30]

„Кога ќе почнеш лично да ја проучуваш Библијата, почнуваш да ја правиш вистината своја сопственост“ (Шон).

[Слика на страница 28]

Не плаши се отворено да кажеш дека си христијанин

[Слика на страница 28]

Училишните задачи честопати даваат прилика да се споделат библиските вистини

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели