ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/5 стр. 32
  • Многу ценет учебник за млади

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Многу ценет учебник за млади
  • Разбудете се! 2005
Разбудете се! 2005
g05 8/5 стр. 32

Многу ценет учебник за млади

ДИРЕКТОРОТ на женската гимназија Тигони, во Лимуру (Кенија), напишал писмо до канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци во таа земја и побарал да им се испратат извесен број примероци од книгата Младите прашуваат — делотворни одговори. Во писмото стоело: „Како што и самите знаете, понекогаш не е лесно да се работи со тинејџери. Имаме два примерока од вашата книга, која им беше од голема помош и на професорите и на ученичките. Таа содржи доста информации и одговара не само на нашите потреби туку и на потребите на нашите тинејџерки“.

Понатаму овој директор пишува: „Управата [на училиштето] би сакала да ја вклучи оваа корисна книга во наставната програма. Таа многу им се допаѓа на нашите ученички. Родителите, пак, имаат позитивен став кон сѐ што правиме за да им помогнеме на нивните деца. Сега за сега, сметаме дека ќе биде доволно да ни испратите 25 книги“.

Книгата Младите прашуваат дава увид во размислувањата и чувствата на младите. Освен тоа, поттикнува на изградувачки разговори на различни теми како, на пример: „Како можам да ги натерам родителите да ми дадат поголема слобода?“, „Дали да си заминам од дома?“, „Како можам да стекнам вистински пријатели?“, „Каква кариера да изберам?“, „Што е со предбрачниот секс?“ и „Како да знам дали е тоа вистинска љубов?“

Ова се само некои од 39-те поглавја во оваа книга во која се обработени и многу други теми. Можете да добиете примерок од неа ако го пополните овој купон и ако го испратите на адресата што е приложена или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.

□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата Младите прашуваат — делотворни одговори.

□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно проучување на Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели