ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/5 стр. 31
  • Пештера на бисерите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Пештера на бисерите
  • Разбудете се! 2005
  • Сличен материјал
  • Убавини скриени во мракот
    Разбудете се! 2005
  • Свитоците од Мртво Море — беспримерно богатство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Содржина
    Разбудете се! 2005
  • Свитоците од Мртво Море — наградено откритие
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Разбудете се! 2005
g05 8/5 стр. 31

Пештера на бисерите

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО МЕКСИКО

СТОЕЈЌИ во пештерата, чиј под е прекриен со милиони каменчиња во вид на бисери, еден американски спелеолог, односно истражувач на пештери, не можел а да не извика: “Фала ти, Боже, што доживеав да го видам ова чудо!“ Тој ја разгледувал Пештерата на бисерите во југоисточно Мексико, чии ходници се долги 529 метри, а се наоѓаат на длабочина од 17 метри. Внатре можат да се видат величествени камени творби. Посакавме со свои очи да се увериме во она што го имавме слушнато за оваа пештера.

Таа се наоѓа на еден приватен посед, па имаме среќа што се познаваме со жената на сопственикот. Влегуваме во една подземна галерија прекриена со околу 200 милиони „бисери“, односно топчиња од калциум карбонат. Подот пред нас, долг педесетина метри, е послан со слој од бисери кој е дебел 12 сантиметри. Никој не може да ѝ одолее на желбата да ги зграпчи тие бисери, и да пушти најситните — со големина на зрна леќа — да му се лизнат меѓу прстите. Најголемите од нив се како мали портокали. Љубопитниот посетител што ќе ги расчисти бисерите за да го види подот, ќе забележи дека и тој се состои од рамномерно наталожени и стврднати бисери.

Како се создаваат овие пештерски бисери? Водата непрестајно капе во подземни базени. Таа содржи растворен калциум карбонат, кој капе од таванот и ѕидовите и потоа кристализира околу некое цврсто тело — на пример, песок, делчиња од коски, па дури и пластични цевчиња. Со постепено додавање на нови слоеви калциум карбонат се создава пештерски бисер.

Иако мештаните веќе со години знаат за оваа пештера, стручњаци од странство почнаа да доаѓаат да ја видат дури од неодамна. Тие беа фасцинирани од огромниот број на бисери во неа. Во моментов настојуваат што подобро да ја истражат оваа извонредна пештера и да преземат сѐ што треба за да ја заштитат.

Ваквите места, како што е Пештерата на бисерите, нѐ потсетуваат на зборовите од Псалм 111:2: „Големи се Господовите дела, нека размислуваат за нив сите, што го љубат“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели