ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/4 стр. 10-11
  • Свитоците од Мртво Море — наградено откритие

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Свитоците од Мртво Море — наградено откритие
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Големата награда
  • Други драгоцени ракописи
  • Свитоците од Мртво Море — беспримерно богатство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • „Песната на морето“ — ракопис што го премости јазот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Свитоците од Мртвото Море — зошто треба да те интересираат?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Како преживеала книгата?
    Книга за сите луѓе
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/4 стр. 10-11

Свитоците од Мртво Море — наградено откритие

НА ОКОЛУ 24 километри југоисточно од Ерусалим, надолу на исток кон Мртвото Море тече пустата, исушена река Вади Ен-Нар. Една искршена линија од гребени се протега зад рамната морска површина. На оваа рамнина, во жешките денови и контрастно студените есенски ноќи, Таамирех бедуините ги одгледуваат своите стада овци и кози.

Во 1947 година, чувајќи го стадото, еден млад бедуински овчар фрлил камен во еден мал отвор на трошната површина од гребенот. Преплашен од бучавата што ја предизвикал, очигледно поради кршење на глинен сад, од страв побегнал, но два дена подоцна се вратил и се искачил сто метри погоре за да влезе низ поголем, повисок отвор. Како што очите му се привикнувале на темнината, забележал десет високи ќупови наредени покрај ѕидовите од пештерата, а на средината куп од скршени грнчарски садови сред паднатите карпи што лежеле расфрлани по подот.

Повеќето од ќуповите биле празни, но еден содржел три свитоци, од кои два биле покриени со ткаенина. Ги зел ракописите при враќањето во бедуинскиот логор и ги оставил таму околу еден месец, закачени во торба на столбот од шаторот. Конечно, еден друг бедуин ги однел свитоците во Витлеем за да види колкава цена би достигнале. Бил непристојно одбиен од еден манастир и му било речено дека свитоците немаат никаква вредност. Еден друг трговец рекол дека ракописите се без археолошка вредност и се посомневал дека се украдени од некоја еврејска синагога. Колку само погрешил! Конечно, со помош на еден сириски чевлар кој работел како собирач на старини, нивната вредност била законски утврдена. Набргу, и другите ракописи биле проценети.

Некои од овие стари записи овозможиле целосен нов увид во активноста на еврејските религиозни групи од времето на Христос. Всушност, тоа бил библиски ракопис од пророштвото на Исаија кое го возбудило светот. Зошто?

Големата награда

Новопронајдениот свиток од Исаија првобитно бил долг околу седум и пол метри. Бил направен од 17 широки ленти од внимателно подготвена телешка кожа, толку истенчена, речиси како пергамент. Бил составен од 54 колони, секоја од по 30-тина редови, и бил грижливо исцртан. Во тие редови вештиот писател ги сместил буквите од текстот, пишувани во пасуси.

Свитокот не бил завиткан околу стапови, па бил многу потемен во средината кадешто бил држен од повеќе раце при читањето. Очигледно бил истрошен, но вешто поправен и зацврстен. Неговата особена сочуваност се должела на тоа што бил внимателно запечатен во ќуп. Колку е вреден за библиските научници и пошироко, за сите нас?

Овој ракопис од пророкот Исаија е околу три илјада години постар отколку било кои други зачувани примероци, и покрај тоа што нивната содржина не се разликува многу. Професор Милар Бароуз, издавач на текстот што бил објавен во 1950, рекол: ”Текстот од Исаија во овој ракопис, со значајни разлики во правописот и граматиката и со многу варијанти во читањето кои се од поголемо или помало значење и важност, всушност е оној којшто е претставен прилично подоцна во МТ [Мазоретскиот хебрејски текст]“.a За забележување е исто така и доследната употреба на тетраграматонот, יהוה, Божјето свето име, Јехова, на хебрејски.

Други драгоцени ракописи

Божественото име исто се појавува во другите ракописи од истата пештера, сега позната како Пештера 1. Во коментарот на книгата на Авакум, тетраграматонот се појавува четири пати со палео-хебрејски букви, еден постар стил кој се разликува од познатото квадратно хебрејско писмо. (Види ја фуснотата во Авакум 1:9, Reference Bible).

Пештерата донесува и делови од друг свиток од Исаија, заедно со кожни фрагменти од библиската книга на Даниел. Еден од нив ја зачувал промената од хебрејски во арамејски во Даниел 2:4, исто како што е пронајдено во ракописите илјадници години подоцна.

Мали делови од свитоците кои се добро зажувани, сега се изложени во Ерусалим, во музејот познат како Храм на книгата. Музејот е под земја, па така, кога сте во посета, имате впечаток како да влегувате во пештера. Горниот дел од музејот е во облик на капакот од глинениот ќуп во кој се пронајдени свитоците од Мртвото Море. Сепак, можно е да се види само факсимил од ракописот од Исаија. Драгоцениот оригинал безбедно е сместен во еден склад во близината.

[Фуснота]

a Некои од неговите поважни толкувања се забележени во преводот New World Translation of the Holy Scriptures — With References во Исаија 11:1; 12:2; 14:4; 15:2; 18:2; 30:19; 37:20, 28; 40:6; 48:19; 51:19; 56:5; 60:21. Свитокот е идентификуван во фуснотите како 1QIsa.

[Извори на слики на страница 10]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

Courtesy of The British Museum

[Извор на слика на страница 11]

Israel Antiquities Authority; The Shrine of the Book, Israel Museum; D. Samuel and Jeanne H. Gottesman Center for Biblical Manuscripts

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели