ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/07 стр. 3
  • Каде одат црквите?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Каде одат црквите?
  • Разбудете се! 2007
  • Сличен материјал
  • Што се случува со црквите?
    Разбудете се! 2007
  • Дали религијата е корисна?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Содржина
    Разбудете се! 2007
Разбудете се! 2007
g 2/07 стр. 3

Каде одат црквите?

ШТО се случува со „христијанските“ цркви? Дали имаат сѐ поголемо или сѐ помало влијание таму каде што живееш ти? Можеби одвреме-навреме слушаш дека интересот за религијата се обновува и дека црквите повторно се полнат. Извештаите за масовното враќање на верниците во црквите обично пристигнуваат од Африка, Источна Европа и од Соединетите Американски Држави. Но, според новинските извештаи во други делови од светот, особено во Западна Европа, црквите се затвораат, посетеноста опаѓа и, општо земено, интересот за религијата спласнува.

Соочени со сѐ помалата посетеност, многу цркви го менуваат стилот. Некои почнуваат да се изјаснуваат како „цркви што не им судат на своите верници“, оставајќи на тој начин впечаток дека Бог прифаќа секакво однесување. Наместо поуки од Божјата реч, тие сѐ почесто нудат забава, возбуда и световни задоволства. Иако некои верници сметаат дека ваквите промени се потребни за црквата да може да се вклопи во современиот свет, голем број искрени луѓе се прашуваат дали можеби црквите не се оддалечиле од налогот што им го дал Исус. Да видиме какви трендови следеле тие во последниве децении.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели