ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/08 стр. 3
  • Последни денови — на што?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Последни денови — на што?
  • Разбудете се! 2008
  • Сличен материјал
  • Јехова му ветува прекрасна награда на Даниел
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Книгата Даниел и ти
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Зајакнат од Божји гласник
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Избрани стихови од книгата Даниел
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 4/08 стр. 3

Последни денови — на што?

АКО некој рече дека „живееме во последните денови“, како би го разбрал тоа?

Многу одамна, во Библијата биле спомнати изразите „последните денови“ и „времето на крајот“ (2. Тимотеј 3:1; Даниел 12:4). Пред повеќе од 2.500 години, пророкот Даниел добил виденија за светските сили и за воените судири кои ќе постојат меѓу нив сѐ до „времето на крајот“. Му било кажано и дека овие виденија ќе можат да се разберат дури тогаш (Даниел 8:17, 19; 11:35, 40; 12:9). Даниел го запишал и следново: „Во деновите на тие цареви, небесниот Бог ќе подигне царство, кое нема никогаш да пропадне. И тоа царство нема да премине на некој друг народ. Тоа ќе ги сотре и ќе ги уништи сите други царства, а самото ќе стои довека“ (Даниел 2:44).

Исус Христос го спомнал „крајот“ кога одговорил на прашањето во врска со „знакот на [неговата] присутност и на свршетокот на овој поредок“ (Матеј 24:3-42). Очигледно, и Даниел и Исус укажувале на некаков крај — на драстична промена што ќе се одрази врз сите луѓе, сеедно во кое време живееле. Даниел пишувал за крајот на сите човечки влади, а Исус зборувал за „свршетокот на овој поредок“.

Дали ова има некаква врска со тебе? Дефинитивно — и тоа не само со тебе туку и со сите луѓе. Сепак, многумина не го сфаќаат тоа сериозно. Библијата прорекла: „Во последните денови ќе се појават потсмевачи, кои ќе се потсмеваат, ќе се водат според своите желби и ќе велат: ‚Каде е таа негова ветена присутност? Откако умреа нашите прататковци, сѐ си стои како што било од почетокот на создавањето‘“ (2. Петрово 3:3, 4). Некои сметаат дека она што се случува денес не е ништо ново и дека животот секогаш ќе си биде ваков каков што е сега.

Постојат ли некакви докази дека навистина живееме во периодот што Библијата го нарекува последни денови? Да видиме.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели