ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/08 стр. 20-21
  • Што очекува Бог од тебе?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што очекува Бог од тебе?
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што значи да се сака Бог со сета душа
  • Исправно да ги подредиме работите
  • Како ја покажуваме нашата љубов кон Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Сакај го Богот што те сака
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • За вистинскиот Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“
    Приближи му се на Јехова
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 4/08 стр. 20-21

Што вели Библијата

Што очекува Бог од тебе?

СИТЕ ние имаме многу обврски во животот и понекогаш воопшто не ни е лесно да направиме сѐ што сме планирале. Но, не смееме да заборавиме дека самиот живот е дар што сме го добиле од Бог (Псалм 36:9). Колку од нашето време и сила очекува Бог да му посветиме нему? Многу е утешно тоа што Библијата ни кажува дека тој има разумни барања.

Исус најдобро знаел што очекува неговиот Татко од луѓето (Матеј 11:27). Кога го прашале која е најголемата заповед, тој рекол: „Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој ум, и со сета своја сила“ (Марко 12:30). Што значи тоа? Дали Бог бара премногу од нас?

Што значи да се сака Бог со сета душа

Нашата љубов кон Бог може да расте ако размислуваме за бескрајната доброта што тој ја покажува кон нас. Ако го сакаме со сета душа, ќе бидеме поттикнати да му го дадеме најдоброто што го имаме. Ќе се чувствуваме исто како еден од писателите на Библијата, кој прашал: „Со што да му возвратам на Јехова за сите добра што ми ги направи?“ (Псалм 116:12). Но, како оваа љубов кон Бог ќе влијае врз начинот на кој го трошиме времето?

Библијата не кажува точно колку часови треба да одвоиме за Бог секоја седмица. Но, наведува кои работи треба да ни бидат поважни во животот и објаснува зошто. На пример, Исус поучувал дека, за да добиеме „вечен живот“, мора добро да го запознаеме Бог (Јован 17:3). Исто така рекол дека неговите следбеници треба да им помогнат и на оние што не го познаваат Бог да добијат живот така што ќе ги поучат за Него (Матеј 28:19, 20). Библијата нѐ советува редовно да се состануваме со соверниците за духовно да се зајакнуваме и меѓусебно да се храбриме (Евреите 10:24, 25). За сите овие работи е потребно време.

Дали Бог очекува да бидеме фанатици и да не правиме ништо друго во животот освен да му служиме нему? Во никој случај! Нормално е да им обрнеме внимание и на секојдневните работи. Библијата ги советува семејните поглавари да се грижат за потребите на своето семејство кога вели: „Навистина, ако некој не се грижи за своите, а посебно за домашните, се одрекол од верата и полош е од неверник“ (1. Тимотеј 5:8).

Бог го создал човекот за да му се радува на животот. Затоа е сосема во ред да поминуваме време со семејството и со пријателите, да се насладуваме со вкусна храна и да уживаме во здрава релаксација. Цар Соломон напишал: „Сознав дека за нив нема ништо подобро отколку да се веселат и да прават добро во животот, и секој човек да јаде и да пие и да ужива во доброто од сиот свој труд. Тоа е дар Божји“ (Проповедник 3:12, 13).

Јехова Бог е свесен и за тоа дека, како луѓе, си имаме свои ограничувања. Тој „си спомнува дека сме прав“ (Псалм 103:14). Библијата признава дека е потребно доволно да се одмораме. По еден период на прилично многу активности, Исус ги повикал своите ученици ‚да појдат со него на едно осамено место и да се одморат малку‘ (Марко 6:31).

Значи, Бог сака да бидеме урамнотежени и да правиме различни работи во животот. Сепак, од сѐ што правиме — сеедно дали е директно поврзано со службата што ја вршиме за Него или не — треба да се гледа дека го сакаме со сета душа. Библијата нѐ советува: „Било да јадете, било да пиете, било да правите што и да е друго, правете сѐ за Божја слава“ (1. Коринќаните 10:31).

Исправно да ги подредиме работите

Дали ти се чини дека е нереално и невозможно да ја ставиш службата за Бог на прво место во животот? Точно е дека, за да му го дадеме на Бог она што го очекува од нас, можеби ќе треба да направиме промени, па дури и жртви, во однос на тоа како го трошиме времето. Но, нашиот грижлив Творец сигурно не би барал нешто невозможно од нас. Напротив, тој ни помага на секој можен начин да ја вршиме неговата волја. Можеме да успееме ако се потпираме на „силата што ја дава Бог“ (1. Петрово 4:11).

Можеби ќе ти биде малку стресно додека го менуваш распоредот за да внесеш и духовни активности во својот живот. Затоа, одвој време почесто да зборуваш со Јехова Бог, кој „ги слуша молитвите“ (Псалм 65:2). Во молитва можеш да му кажеш за сѐ што те мачи бидејќи знаеш дека ‚тој се грижи за тебе‘ (1. Петрово 5:7). Цар Давид се молел: „Научи ме да ја вршам твојата волја, зашто ти си мојот Бог“ (Псалм 143:10). Исто како него, и ти можеш да го молиш Бог да ти помогне да ги направиш потребните промени во животот.

Библијата ни ја упатува следнава срдечна покана: „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам!“ (Јаков 4:8). Кога ќе почнеш да правиш работи што го радуваат Бог, на пример, да ја проучуваш Библијата и да одиш на христијанските состаноци, ќе почнеш да се зближуваш со Него. А тој, за возврат, ќе те зајакне за да можеш и понатаму да напредуваш.

Во врска со она што го прави за да ги подреди работите на исправен начин, Јелена, која ја проучува Библијата со Јеховините сведоци, вели: „Не е баш лесно“. Но, додава: „Штом почнав да одам на христијанските состаноци, добив сила да го применувам она што стои во Библијата. Многу ми значеше и постојаната помош од другите“. Кога ќе видиме колку е корисно да му служиме на Бог, имаме уште посилен мотив да продолжиме (Ефешаните 6:10). Јелена вели: „Сега многу подобро се согласуваме со маж ми, а исто така се подобри и начинот на кој ги воспитувам децата“.

Иако современиот начин на живот нѐ притиска од сите страни, Јеховиниот моќен свет дух може да те зајакне и да те мотивира да размислиш за тоа што ти е најважно во животот и ‚да си откупиш време‘ за да му служиш на Бог (Ефешаните 3:16; 5:15-17). Исус рекол: „Она што не е можно за луѓето, можно е за Бог“ (Лука 18:27).

ШТО МИСЛИШ?

◼ Зошто треба вршењето на Божјата волја да ти биде најважно во животот? (Псалм 116:12; Марко 12:30).

◼ Што очекува Бог да правиш? (Матеј 28:19, 20; Јован 17:3; Евреите 10:24, 25).

◼ Како можеш исправно да ги подредиш работите за да го радуваш Бог? (Ефешаните 5:15-17; Јаков 4:8).

[Слика на страница 20]

Ако сме урамнотежени, ќе го радуваме Бог

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели